Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

„Доста ни е од бучавата“: Жителите на Капиштец утре излегуваат на протест против прекумерната бучава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Скопје
media-librarygu1q6rem0lg10V902Bb

Револтирани од долгогодишната бучава и, како што велат, недоволната реакција на институциите, жителите на скопската населба Капиштец утре, 11 јуни, ќе одржат мирен протест.

Собирот е закажан за 19 часот кај кошаркарското игралиште, а го организира граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, која преку социјалните мрежи ги повика жителите масовно да се приклучат и јавно да го искажат своето незадоволство.

— реклама —

„Доста ни е од бучавата, сега ние ќе бидеме гласни. Додека нас не држат будни, институциите спијат“, порачаа организаторите во повикот до граѓаните.

Жителите бараат доследна примена на законските прописи, почести и поефикасни инспекциски контроли, како и поголема заштита на јавниот ред и мир. Според нив, целта на протестот е да се обезбеди мирна и безбедна средина за живот, особено за најмладите.

— реклама —

Од иницијативата посочуваат дека проблемот со прекумерната бучава трае со години и е најизразен во вечерните и ноќните часови, кога гласната музика од угостителските објекти и собирањето на поголеми групи луѓе во јавниот простор сериозно го нарушуваат секојдневието на жителите.

Тие нагласуваат дека не бараат привилегии, туку еднаков третман и доследно спроведување на законите од страна на надлежните институции.

Капиштец, како една од најгусто населените населби во Скопје, во последните години сè почесто е во фокусот на јавноста поради поплаките за бучава, која жителите ја оценуваат не само како комунален, туку и како сериозен здравствен и еколошки проблем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library57i6ivhg5bg59htlQsn

Ќе им се суди на лицата кои му помогнале на возачот кој усмрти жена во Капиштец да избега, откриено како го изнеле низ државава

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-libraryih61co04lqj148G9swE

(Видео) Осомничениот за смртното прегазување на жената во Капиштец сам се фалел со дивеење зад воланот на социјалните мрежи

Настани | пред 4 месеци

media-libraryiqhfr5sq9egc1XgoYzT

(Фото) Објавен идентитетот на момчето кое ја усмрти жената во Капиштец и избега преку Табановце, распишана потерница

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynmcgn90kvuoadjOnktj

Немал возачка, возел брзо, преку спротивна лента - ја усмртил и побегнал преку Табановце: нови детали за трагедијата во Капиштец

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања