Жителите на Капиштец повторно алармираат за проблемот со пукањето пиротехнички средства во населбата, а според објавата на фејсбук-страницата „За пристоен Капиштец“, синоќа петарди предизвикале пожар во паркот.
Како што наведуваат жителите, група малолетници и помлади лица секојдневно користат пиротехнички средства, поради што повеќепати го пријавувале случајот во полиција. Според нив, досега немало навремена реакција.
Во текот на ноќта, при пукање петарди, било запалено дрво во паркот „Капиштец“. Жителите велат дека постоела опасност огнот да се прошири кон околните згради и трафостаници.
Тие апелираат до надлежните институции да реагираат и да го пронајдат лицето кое го предизвикало пожарот.