Промени тема
Контакт

Ќе има ли надзорна расправа за трагедијата во „Пулс“? Утре почнува големото судење за жртвите во кочанската дискотека

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
kocani-puls-protest-4

Утре во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки и со дежурна медицинска екипа, започнува судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На обвинителна позиција ќе се најдат 35 лица и три правни субјекти, меѓу кои се поранешни функционери, инспектори, сопственици на објекти, лица од обезбедување и административци.

— реклама —

Обвинението опфаќа тешки кривични дела поврзани со создавање општа опасност и сериозни организациски пропусти кои, според истрагата, директно придонеле до трагичниот исход. Рочиштата ќе се одржуваат двапати неделно, а предметот ќе го суди Диана Груевска – Илиевска.

Паралелно со стартот на судењето, во Собранието расте притисокот за политички надзор врз институциите по трагедијата во која на 16 март загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. По маршот на семејствата на жртвите во саботата, кои побараа одговорност и целосно политичко разгледување на случајот, се отворија две иницијативи за надзор.

— реклама —

Првата иницијатива доаѓа од Левица. Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, најави дека следната недела ќе свика посебна седница на Комисијата, посветена на претставката на Здружението „16-ти Март“, во која родителите од Кочани наведуваат низа пропусти во институционалното постапување.

— реклама —

Апасиев најави дека на седницата ќе присуствуваат и претставници на родителите. Тој истакна дека Комисијата треба да утврди дали институциите реагирале соодветно пред, за време и по трагедијата.

Втора иницијатива ја подготвува СДСМ, кој денеска треба да вложи предлог за надзорна расправа и формирање анкетна комисија во Собранието. Лидерот на партијата, Венко Филипче, вчера ја потврди поддршката за барањата на семејствата на загинатите и ги повика сите пратеници да ја поддржат иницијативата.

— реклама —

Со овие најави, случајот „Пулс“ добива и правна и политичка димензија: додека судот го започнува еден од најголемите процеси од ваков вид, во Собранието се бара целосен парламентарен надзор над постапувањето на институциите поврзани со трагедијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 13 часа

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 2 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања