Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Кочани пуштено низ вода: алармира независниот советник Крстевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
124

Венко Крстевски кој е независен советник во општина Кочани во два мандати, се огласи преку социјалните мрежи со барање веднаш да се избере ВД градоначалник. По оставката на Љупчо Папазов ден по катастрофалната трагедија, можна е блокада на институциите.

Еве што напиша Крстевски:

„КОЧАНИ ПУШТЕНО НИЗ ВОДА!

Пред скоро три недели градоначалникот Љупчо Папазов поднесе оставка. Во секоја нормална држава кога првиот човек на градот поднесе оставка, алармите треба да се вклучат, посебно после ваква епохална катастрофа што го снајде Кочани.

— реклама —

Бидејќи е таква ситуацијата може да се очекува наскоро блокади на институциите во нормалното функционирање, затоа што нема да има плата за пожарникарите, градинките, школите, библиотеката, нема трансфер на средства за КЈП Водовод по основ на програми, нема исплата на обврски спрема добавувачи, нема исплата кон спортски друштва и здруженија на граѓани.

Заглавени се сите процедури и документи како уверение за социјална помош, оставинска постапка, купопродажни договори, договори за поклон, одобренија за градба итн. Нелегални објекти кои се безбедносна опасност продолжуваат да работат непречено.

Имаше најави за СЕРИОЗНА дополнителна ФИНАНСИСКА ПОМОШ на Кочани од Централната власт, до сега со ОДЛУКА на Влада тие ПАРИ МОРАШЕ да бидат ОДОБРЕНИ, истите ветувања спласнуваат. Дали ќе биде ,,секое чудо за три дена” па така ќе се заборави и со овие ветувања?!

— реклама —

Закочени се сите тековни проекти, а камо ли да се работи на реализација на нови, кои се повеќе од потребни.

И посебен АПЕЛ до Владата, освен со поддршка на Општината по однос на проекти од унгарскиот кредит, НАЈИТНО да се пренаменат ФИНАНСИИ за Центар за рехабилитација со геотермални води, (иаме изгласно ДУП и соодветна маркица за објект до градскиот базент), да се одобрат финансиски средства за изградба на Пензионерскиот дом (имаме готов проект и документација (парите беа укинати од претходната власт)), да се изгради прифатилиште за уличните кучиња (за што имаме готов проект), задолжително регионално прскање против комарци (за да биде ефективно) и сериозна студија по истото прашање. Има уште многу идеи и проекти, но овие можат да се реализираат за неколку месеци.

— реклама —

Јас сум моментално во Виена (Австрија), потребен ми е психолошки одмор, но сум само еден и независен советник во Општината, не одлучувам за изборот на В.Д. Градоначалник (кои сметам дека треба да е со широк консензус) и затоа ги повикувам Власта и најголемата опозиција (нивните лидери вчера имаа состанок во Владата) да помогнат на Кочани во најбрз рок да се избере градоначалник и да се помогне градот финансиски со проекти.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylr9mj551mid0dlFsw2S

Иван Ивановски: „Добри луѓе“ ја донесе приказната за трагедијата во Кочани пред светската јавност

Македонија | пред 2 часа

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Продолжува судењето за „Пулс“: Вештаците ќе сведочат за пропустите во објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryr3cs3mf6i9mu4GVhQxR

(Видео) Татко на жртва од „Пулс“: Се радуваме на смртта, не на животот, што ќе ни е живот без нашите деца

Македонија | пред 4 седмици

media-library5ep6umtq6r4239PXoZj

Во сабота ќе се одржи 47. „Марш на ангелите“ во Кочани

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања