„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Коцевски „ситно брои”, утре на дневен ред предлогот на Владата за негово разрешување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library03rcveni3uvv2kdWlan

Утре пред пратениците е предлогот на Владата за разрешување на Државниот обвинител Љупчо Коцевски.

— реклама —

„Поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на ЈО. Неовластено изнесување информации, податоци за судски предмети, со што ја повредил обврската за тајноста на постапката согласно закон. Нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед, не постапувајќи согласно обврските предвидени со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот“, изјави на 9 декември владината портпаролка Марија Митева појаснувајќи ги причините за одлуката на Владата да го смени Коцевски по неполни 2 години мандат.

Постапката беше на пауза поради изборните дејства, а претходно трагедијата во Кочани беше причина Владата да му даде шанса на Коцевски за да не се попречува истрагата.

— реклама —

,,Нов државен обвинител ќе биде избран во законските рокови”, рече спикерот на денешниот брифинг со новинарите, но не посочи точен датум.

По разрешувањето, на државен обвинител со ЈОРМ раководи в.д. државен обвинител од редовите на обвинителите од Републичкото обвинителство.

Одлуката за разрешување на државниот обвинител се носи со 61 пратенички глас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

Советот за в.д обвинител ќе одлучува в понеделник, денешниот избор е одложен

Македонија | пред 1 седмица

media-library6djppjqu1g046lzlSwv

Од забава за добредојде со државни пари до тивка оставка: Како замина Љупчо Коцевски од Обвинителството

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Коцевски тактизираше со оставката за да се заташкаат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ?

Македонија | пред 1 седмица

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ по оставката на Коцевски: „Мицкоски и ДПМНЕ го преземаат Обвинителството и судството“!

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања