„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кој ќе пее во Виена? Евросонг под закана од бојкот ако Израел не се повлече

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
viena-logo-evrosong-2026

Големото финале на 70. Евровизиски натпревар ќе се одржи на 16 мај 2026 година во „Виенер Штадхале“, најголемата затворена арена во Австрија, а полуфиналињата на 12 и 14 мај. Наместо јубилејната атмосфера, вниманието е свртено кон прашањето дали дел од земјите ќе настапат, ако Израел не се повлече или не прифати настап под неутрално знаме.

— реклама —

Според Ynet, организаторите испратиле неофицијална порака до Израел да разгледа привремено откажување или учество под неутрално знаме за да се избегне исклучување. Неколку земји најавиле бојкот ако Израел биде дел од натпреварот, поради гневот од војната во Газа.

Во моментов, Израел е меѓу 22 земји што изразиле интерес за учество во Виена, но повеќе држави велат дека конечна одлука ќе донесат дури по собранието на Европската радиодифузна унија (EBU) во декември. Ако не дојде до исклучување, шест земји веќе се заканија дека ќе се повлечат.

— реклама —

Холандија се придружи на Ирска во најавата дека нема да учествува на Евросонг 2026 ако Израел биде дел од настанот. Холандскиот јавен радиодифузер AvroTros соопшти дека одлуката е донесена со оглед на страдањата во Појасот Газа, како и поради големиот број новинари кои загинаа во конфликтот. Ден претходно, ирскиот радиодифузер RTE оцени дека учеството на Израел е „несовесно“ со оглед на „ужасните загуби на животи во Газа“.

Последните две изданија на Евровизија беа засенети од протести поради присуството на Израел, и покрај неговата воена кампања што следеше по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Израел, пак, негира дека намерно таргетирал новинари во енклавата.

Шпанскиот министер за култура Ернест Уртасун во понеделник повтори дека неговата земја нема да учествува доколку Израел остане дел од натпреварот. „Мора да се осигураме дека Израел нема да биде во следното издание на Евровизија. Ирска, Словенија, Исланд и Холандија веќе го кажаа тоа. Ако Израел не биде исклучен, Шпанија исто така нема да учествува“, изјави тој за шпанското јавно радио.

Покрај тоа, според Ynet, предложено било Израел да настапи под неутрално знаме со логото на јавниот радиодифузер Кан, бидејќи проблемот е со политиките на владата, а не со самата телевизија. Друг неофицијален предлог бил Кан да објави изјава со осуда на владата и IDF, што можело да помогне при гласањето во EBU.

EBU се дистанцира од ваквите информации, наведувајќи дека консултациите сè уште траат и одлука нема да има пред крајот на процесот. Унијата и во јули во Лондон дискутирала за учеството на Израел, но тогаш одлуката беше одложена за декември. Кан, пак, изјави дека не добил никакви пораки од ваков вид.

Меѓународниот притисок врз Израел да ја прекине речиси двегодишната војна во Газа продолжува да расте, а забележлив е и во забавната индустрија преку отворени писма од филмски автори, музичари и писатели кои бараат прекин на војната и бојкот на израелските организации. Израел ги отфрла обвинувањата за геноцид, нагласувајќи дека се обидува да ги минимизира цивилните жртви и дека Хамас користи цивили како жив штит во домови, училишта, болници и џамии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycerb2fe0p2f5bYs3c2Y

Израел одобри 19 нови населби на Западниот Брег

Свет | пред 1 ден

media-library3vu8qkuicvbvdR556ES

САД воведуваат санкции против двајца судии на Меѓународниот кривичен суд поради Израел

Свет | пред 1 седмица

netanjahu

Израел се дели: да служат ли Хасидите во војска?

Свет | пред 3 седмици

media-libraryvgjve5sogd29e31WJ3C

Министерот Кац под оган: „Не е тероризам“ – бунт во Кнесетот поради нападите врз Палестинци

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања