Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Колку чинат лежалките во Грција? Во Торони цените одат и до 50 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
plaza-grcija

Цените на лежалките во Грција и ова лето се меѓу главните теми меѓу туристите, а посебно внимание привлекува понудата во Торони на Ситонија, едно од омилените летувалишта на Балканците.

— реклама —

Според информации споделени од туристи на социјалните мрежи и објавени од туристичкиот портал „Никана“, цените значително варираат, па еден ден поминат на плажа може да чини од 10 до дури 50 евра.

— реклама —

Во еден бар, сет лежалки со чадор се изнајмува за 10 евра, но пијалаците се плаќаат дополнително. Во соседен локал, пак, користењето на лежалките е условено со минимална потрошувачка од 50 евра за храна и пијалаци.

Некои објекти ги формираат цените според близината до морето. Така, лежалките во првиот ред чинат 16 евра, а во останатите редови 14 евра, при што во цената се вклучени и два пијалаци.

— реклама —

За поексклузивна понуда, одредени ресторани покрај плажа бараат минимална потрошувачка од 20 евра во текот на јуни, додека во јули и август таа се зголемува на 30 евра.

— реклама —

Според коментарите на туристите, најголемиот дел од цените се оценети како прифатливи, со исклучок на најскапите опции. „Ова не го очекував, освен тие од 50 евра, останатото не е лошо“, напишал еден корисник, додека друг се пошегувал: „А ние што си носиме свои лежалки, колку плаќаме?“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 8 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања