Промени тема
Контакт

Коневски е инвеститор на зградата каде загина работник во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-libraryc7eo6mkvhqgb9PPbJuw

Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, е инвеститор на зградата во скопската населба Кисела Вода каде утринава загина еден градежен работник, а тројца се тешко повредени откако беа затрупани при ископ на темели.

Коневски, според јавно достапни податоци, е сопственик на компанијата Нар Инвестмент од Скопје. Компанијата е основана во ноември 2025 година како ДОО со едноличен капитал и е регистрирана во Центар.

Изведувач на градежните работи е Компанија Јакимовски ДООЕЛ, чиј сопственик и управител е Предраг Јакимовски, додека проектант и надзор е „Сара 4“.

— реклама —

Коневски посочи дека засега немаат информации за причините за несреќата.

— реклама —

Загинатиот бил на возраст од околу 32 години, додека повредените се хоспитализирани на Ургентниот центар и лекарите се борат за нивните животи.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека првиот повик за несреќата бил примен во 08:14 часот, по што веднаш биле алармирани сите надлежни служби. Во спасувачката акција учествувале полицијата, Итната медицинска помош, пожарникарите и други служби, соопшти Министерство за внатрешни работи.

— реклама —

Од Основно јавно обвинителство Скопје информираа дека е издадена наредба за обдукција на починатиот и дека се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата, при што на терен се и надлежните инспекциски служби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarydkd5ep51gvm88upuczT

Пожар во Кисела Вода: Се запалило комбе кај „Автомакедонија“

Скопје | пред 6 дена

media-libraryqg891ev0gmnd3r92eza

Жители од Кисела Вода повторно без вода: „Истата цевка пука веќе 14 години“

Скопје | пред 3 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Без струја дел од Драчево во сабота

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryjrve8gr17st07uJjjWn

(Фото) Вандализам во Кисела Вода: Детско игралиште полеано со масло, граѓаните револтирани

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања