Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Конференција за 30 години европски пат на Македонија во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-4670PM

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје денеска ќе се одржи конференција посветена на 30 години од европскиот пат на Македонија, во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и факултетот.

— реклама —

Настанот, насловен „30 години на европскиот пат: Односите Македонија – ЕУ и патот напред“, има за цел да одбележи две значајни годишнини во односите со Европската Унија – три децении од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

— реклама —

Организаторите оценуваат дека овие процеси ја обликувале насоката и континуитетот на европската интеграција на земјата, отворајќи простор за продлабочување на партнерството со ЕУ.

— реклама —

На конференцијата ќе се обратат министерот за европски прашања Беким Сали и евроамбасадорот Михалис Рокас, по што се предвидени два тематски панели. Темите ќе се однесуваат на геополитичкиот контекст на проширувањето, улогата на младите и можностите за зајакнување на европскиот процес, како и на владеењето на правото и економската конвергенција како клучни услови за пристапување.

— реклама —

Организаторите истакнуваат дека конференцијата се одржува во период што го оценуваат како клучен за иднината на проширувањето на ЕУ, со цел да се потврди стратешката ориентација кон европската интеграција и да се отвори простор за дијалог меѓу креаторите на политики, дипломатите, академската заедница, бизнис-секторот и младите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library851tjhhenkmca40ntaI

Калас сака да ја претставува ЕУ во преговорите за Украина: Русите не ме сакаат на преговарачката маса

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

ЕУ бара место на преговарачката маса, Кремљ вели дека е подготвен за дијалог

Свет | пред 15 часа

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 3 дена

grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања