Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Конго бара од ФИФА враќање пари за навивачите поради забраната за влез во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
media-library6j97upjb2cs36rVdZUN
unsplash

Фудбалскиот сојуз на Демократска Република Конго побара од ФИФА враќање на парите за навивачите на кои, поради епидемијата на ебола, им бил забранет влез во Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Во барањето се наведува дека навивачите кои планирале да присуствуваат на натпреварите на Светското првенство веќе направиле големи трошоци за билети и сместување, поради што федерацијата се надева дека ФИФА ќе покаже разбирање.

— реклама —

„Казнети се затоа што не можат да влезат во САД, да присуствуваат на Светското првенство и да го поддржат својот тим“, изјави за Би-Би-Си Спорт Африка Верон Мосенго Омба.

„Ја прашавме ФИФА дали е можно ова да се земе предвид, бидејќи билетите се прилично скапи. Не сакаме нашите навивачи, кои го сакаат фудбалот и Светското првенство, да изгубат сè“, додаде тој.

— реклама —

Фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго на Светското првенство ќе настапи во групата К, заедно со Еквадор, Узбекистан и Португалија.

Африканската селекција два натпревари од групната фаза ќе игра во САД – против Португалија во Хјустон и против Узбекистан во Атланта, додека дуелот со Еквадор ќе се игра во Запопан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

По извинувањето, Инфантино ја продолжува кампањата за нов мандат – бара поддршка од Азија

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Бивш фудбалер ќе се бори за прв човек на ФИФА, изборите во март 2027 година

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

Германскиот фудбалски сојуз против Инфантино: „Мора да му се стави крај на неговиот систем“

Спорт | пред 1 месец

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

ФИФА го смени оперативниот директор кој го критикуваше Инфантино

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања