Промени тема
Контакт

Контрадикторни најави за кулата на Водно? Ина: „Изгубени се во пиарот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
vodno-kula-51345

Инфлуенсерката Ина Многуфина повторно реагираше на социјалните мрежи поради контрадикторните изјави за угостителскиот објект што се гради во рамки на кулата на Водно.

Таа потсети дека кога започнала изградбата, најавите биле за „уникатна атракција“ со величествен поглед на Скопје и место за гастрономски специјалитети.

— реклама —

„Пред неколку дена објавија дека ќе има ресторан кој ќе се врти, веројатно со надеж дека ќе паднеме во несвест од воодушевување, а нема да прашаме како ќе се оди до таму“, пишува таа и додава:

„Денес, малку ресторанот се модифицира, па дознавме дека тоа е ресторан каде ќе има само пијалоци – веројатно прв од ваков тип во светот, бидејќи ресторан по дефиниција е место со храна и пијалоци, а ова што тие го кажаа е кафе-бар“.

Ина заклучува дека пи-арот околу проектот е несериозен и збунувачки: „Најново е кафе-бар што ќе се врти, ќе има горе, ама ќе го викаме ресторан. Веројатно не знаат што сакаат да најават. Следиме.“

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1bqucq550pc98incr2G

„Стоп за бетонизацијата на Водно“: Покрената петиција против ДУП-от за Барутана

Скопје | пред 21 час

media-libraryiflk151ln5pveGgjnX1

(Видео) „Мизерија од народ сме“: Ѓубре насекаде, искршена клупа и целосно демолиран летниковец на Водно

Скопје | пред 1 ден

media-libraryc56s1v4s0g8udp80jYH

Возачот на ЈСП спречил поголем пожар на Водно: го однел автобусот на безбедно за да не се запали шумата

Скопје | пред 1 ден

media-libraryi50scp7r2gfh1FBaMKF

(Видео) Гори двокатен автобус на ЈСП кај Видиковецот на Водно, се гледа чад и од центарот на Скопје

Скопје | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања