Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Контролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП - Пораката за платен билет стигнува по половина час , велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
apasiev

Контролори на ЈСП казнуваат граѓани поради доцнење на СМС-пораките за платен билет, обвини денеска политичката партија Левица преку соопштение, тврдејќи дека патниците уредно плаќале превоз преку телефон, но потврдата за успешно плаќање пристигнувала дури по 20 до 30 минути.

— реклама —

Од партијата велат дека во меѓувреме контролорите им изрекувале казни на патниците, иако, според нив, станува збор за очигледен технички проблем во системот на ЈСП.

„Во град каде автобусот доаѓа како природна непогода – непредвидливо и ретко, сега граѓаните се казнувани и за дефектите на самиот систем на ЈСП“, наведуваат од Левица.

— реклама —

Во соопштението се оценува дека јавниот превоз во Скопје е во лоша состојба, а контролорите, наместо да покажат разбирање, „настапуваат како улични извршители“ и пишуваат казни на патници кои веќе извршиле уплата.

— реклама —

Партијата упати критики и кон градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и кон раководството на ЈСП, обвинувајќи ги дека не ги исполниле ветувањата за подобрување на јавниот превоз.

„Денес ЈСП не може навреме да испрати ниту обична порака за платен билет, но затоа експресно испраќа контролори да се закануваат и изживуваат врз патниците“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Од Левица апелираат до раководството на ЈСП и до градските власти да им укажат на контролорите да не ги третираат граѓаните како измамници, туку да се насочат кон решавање на системските проблеми во јавниот превоз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

„Пет години Клиничката болница во Битола не прави спермограми - пациентите се принудени да плаќаат по 150 евра за анализа“, велат од Левица

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: „Врв на вмровската ароганција: со студентскиот оброк да си земат цигара, луѓето да преживеат со 10.000 денари и машки надзор врз жените“

Македонија | пред 8 часа

media-libraryc7acemm09ffcftQKcUK

Левица: Во ек на хаосот со АЛТА банка, Владата на ДПМНЕ го намалува буџетот за финансиско разузнавање за 1,7 милиони денари 

Македонија | пред 1 ден

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

(Видео) Мециновиќ: ДПМНЕ ја оплакува демографската катастрофа, а без ниту еден аргумент го одби Предлог-законот на Левица за станбена поддршка на младите семејства

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања