Промени тема
Контакт

Контролорите на летање добија зелено светло за штрајк – судијката самоволно забранила протест без никој да побара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
kontrola-na-letanje-

Скопскиот Апелациски суд ја поништи времената мерка со која Граѓанскиот суд ја забрани штрајкот на контролорите на летање во државното претпријатие М-НАВ. Со оваа одлука, Синдикатот повторно го добива правото да го реализира штрајкот што беше закажан за 20 октомври.

Апелацискиот суд утврдил дека судијката од првостепениот суд самоволно донела „забрана за штрајк“, иако такво нешто воопшто не било побарано во тужбата на Управниот одбор на М-НАВ. Во образложението се наведува дека судијката го прекршила членот 2 од Законот за парнична постапка, бидејќи одлучувала за нешто што не било предмет на тужбеното барање.

— реклама —

„Првостепениот суд не дал јасни и аргументирани причини зошто ја третирал тужбата како предлог за привремена мерка. Направена е сопствена правна оцена за нешто што не било побарано“, стои во одлуката на Апелација.

— реклама —

Случајот сега се враќа на повторно судење во Граѓанскиот суд – Скопје. Новата расправа е закажана за средината на декември, а од Апелација се очекува судијката да ги следи нивните упатства и формално да го повика Синдикатот на контролори на летање да ги изнесе своите аргументи.

— реклама —

Од Синдикатот велат дека тие првпат ќе имаат можност да се произнесат за тврдењата на М-НАВ, како и да се спротивстават на, според нив, обидите за замолчување на штрајкот преку судски мерки кои немаат правна основа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

apelacija

Апелација му ја зголеми казната на 20 години затвор на кавадарчанецот Илија Панов, осуден за убиството на партнерката

Македонија | пред 2 седмици

media-library2qt1irfdk6sue9jFjH6

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на Апелација, Тања Милева доби само два гласа

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykbajvh3nsh691nK2tR7

Бодовите против менаџерските способности: Судскиот совет расправаше кој да ја води Апелација, па прават пауза за да најдат звучник оти не се слушаат

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrbg26kshfogn3dFrttO

ИРЛ осудени за клевета кон Анѓушев, Цветковска: Следни дестинации се Уставен и Стразбур

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања