Промени тема
Контакт

„Корумпирани новинари“: Трамп го нападна раководството на Би-Би-Си по скандалот со фалсификуван говор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
tramp

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги нападна новинарите на британската телевизиска мрежа „Би-Би-Си“, нарекувајќи ги „корумпирани“, откако двајца од највисоките функционери на медиумот поднесоа оставки поради контроверзна монтажа на еден од неговите говори.

— реклама —

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп напиша дека „највисоките луѓе во Би-Би-Си, вклучувајќи го и директорот Тим Дејви, сите си заминуваат бидејќи беа фатени како го ‘фалсификуваат’ мојот совршен говор од 6 јануари“. Тој им се заблагодари на новинарите од весникот „Телеграф“ за, како што рече, „разоткривањето на корумпираните новинари“, обвинувајќи ги дека се обиделе да влијаат врз претседателските избори во САД. „Тоа се нечесни луѓе од странска земја што многумина ја сметаат за наш најголем сојузник. Ужасна работа за демократијата!“, додаде Трамп.

Скандалот што го откри британскиот весник „Дејли телеграф“ се однесува на документарецот на „Би-Би-Си“ емитуван само една недела пред претседателските избори во ноември 2024 година. Телевизијата била обвинета дека во прилогот „Панорама“ направила монтажа на делови од говорот што Трамп го одржа на 6 јануари 2021 година, така што се добивал впечаток дека тој директно ги повикува своите приврзаници да маршираат кон Капитол и да „се борат како ѓаволи“.

— реклама —

По бурните реакции во јавноста, генералниот директор на „Би-Би-Си“ Тим Дејви и извршната директорка на информативната програма Дебора Тернес поднесоа оставки. Тие се соочија со жестоки критики дека прилогот ги довел гледачите во заблуда и дека направената монтажа сериозно ја нарушила довербата во уредувачката политика на медиумот.

— реклама —

Во својата писмена оставка, Дејви нагласи дека одлуката ја донел сам, по две децении работа во јавниот сервис, и дека останува благодарен на Управниот одбор за поддршката што ја добивал во текот на мандатот.

„Размислував за големите лични и професионални предизвици што ги носи оваа позиција, особено во овие турбулентни времиња. Би-Би-Си има посебна улога во британското општество — ја поттикнува толеранцијата, љубопитноста и отвореноста. Секако, не сме совршени и мора да бидеме транспарентни и одговорни“, напиша тој.

— реклама —

Дејви додаде дека иако дебатата околу уредувањето на вестите не е единствената причина, таа несомнено влијаела врз неговата одлука. „Би-Би-Си во целина работи добро, но имаше и грешки. Како генерален директор, должност ми е да ја преземам крајната одговорност“, заклучи тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ofl38teubt70LC1V8v

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: „Не разбирам зошто ми ги врати парите“

Магазин | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 2 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 2 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања