Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Корупциски потрес во европската дипломатија: истрагата стигнува до највисоките редови на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
mogerini

Брисел е потресен од сериозен корупциски скандал во кој се вмешани две од најпознатите фигури на европската дипломатија. Поранешната шефица за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и високиот дипломат Стефано Санинио се меѓу тројцата формално обвинети за измама, корупција во јавни набавки, судир на интереси и оддавање службена тајна, соопшти Европското јавно обвинителство (ЕППО).

Тројцата биле приведени во вторникот во рамки на истрага поврзана со сомнежи дека престижниот „College of Europe“ во Бриж – во кој Могерини е ректорка – однапред добивал информации за тендерот за Европската дипломатска академија, деветмесечна програма што ја организира Европската служба за надворешно дејствување (EEAS). По приведувањето, сите се пуштени да се бранат од слобода, откако ЕППО оценил дека нема ризик од бегство.

— реклама —

Покрај Могерини и Санинио, осомничен е и уште еден висок службеник на Европската комисија. Според ЕППО, претреси биле извршени во просториите на EEAS и College of Europe со цел да се утврди дали институцијата била унапред запознаена со критериумите на тендерот и дали добила неправедна предност пред останатите конкуренти.

— реклама —

Могерини беше потпретседателка на Европската комисија и висока претставничка за надворешна политика од 2014 до 2019 година, додека Санинио е еден од најискусните дипломати на ЕУ и до неодамна беше генерален секретар на EEAS. Нивното приведување предизвика неверување во дипломaтските кругови, каде двајцата долго време важеле за клучни фигури со беспрекорна кариера.

— реклама —

Скандалот ја погоди Европската унија во чувствителен момент. Политико оценува дека ова е најголемиот предизвик со кој се соочува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, една година по почетокот на вториот мандат. Таа веќе е под притисок поради обвинувања за недоволна транспарентност, а оваа истрага – која временски се поклопува со почетокот на нејзиниот прв мандат – дополнително го зголемува политичкиот ризик.

Критичарите веднаш го искористија случајот за да побараат ново гласање за недоверба кон фон дер Лаен – четврто по ред. Додека истрагата продолжува, ЕК инсистира дека сите осомничени се невини додека судот не докаже спротивно, но Брисел веќе ја чувствува тежината на најголемиот корупциски потрес во европската дипломатија последниве години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот во ЕУ поскап за 33,7 отсто за една година

Свет | пред 4 часа

— реклама —
EU-1

Шесте најголеми економии на ЕУ постигнаа договор за реформа на финансискиот надзор

Свет | пред 1 ден

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Софија останува на своите позиции: Уставните измени се услов за напредок кон ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-library4r2ei7icocg038e47y2

Мицкоски: Љубопитни сме да ги слушнеме новите идеи за проширувањето на ЕУ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања