Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Кошта по разговорот со Срдановиќ: Местото на Србија е во Европската Унија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarynuj9tk7ghbd33rIeN9K

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, разговараше со носителот на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“, Илија Срдановиќ, кому му ја честиташе победата на оваа листа на парламентарните избори во Србија.

— реклама —

Кошта на социјалната мрежа Икс истакна дека разговорот со Срдановиќ бил добар и дека приоритет е во Србија без одлагање да се конституира парламентот и да се формира нова влада, преку мирна транзиција и со целосно почитување на изборните резултати.

— реклама —

„Местото на Србија е во Европската Унија. Подготвени сме да го поддржиме нејзиниот европски пат, со јасен фокус на реформите што ги побара српскиот народ: владеење на правото, борба против корупцијата и слобода на медиумите“, напиша Кошта на Икс.

— реклама —

Да потсетиме, на парламентарните избори одржани во неделата, „Студентската листа – Студентите победуваат“ освои 141 пратенички мандат со 53 отсто од освоените гласови.

На второто место се најде листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, со освоени 38,8 отсто од гласовите, односно 103 пратенички мандати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ: Верувам дека за две години ќе се вратиме на власт, тешкото време допрва доаѓа

Свет | пред 58 минути

— реклама —
vucic-41421

Вучиќ: Зборував со Макрон, Мелони и Кошта, со Орбан наскоро ќе се видам во Белград

Свет | пред 1 час

media-librarygmtf3si2dmkkemL7w2x

Две уреднички поднесоа оставки во РТВ

Балкан | пред 4 часа

media-libraryrgirta42vi8a6G2r5BA

„Ќе мораме сами да ги браниме нашите животи“, рече Вучиќ по вчерашните упади во „Информер“

Балкан | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања