Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 56-годишниот П.Ц. од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“, откако претходно неговата ќерка, физиотерапевтката Меланија Цветковска, јавно побара помош од институциите, тврдејќи дека со години семејството живее во страв поради неговото насилно однесување.
Според МВР, пријавениот подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите на своето семејство. На 11 јули годинава психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички да ја нападне. По настанот, тој бил пренесен во Психијатриската болница во Демир Хисар.
Во видеообраќање објавено на социјалните мрежи, Меланија Цветковска изјави дека не бара сожалување, туку итна реакција од надлежните институции.
Таа тврдеше дека нејзиниот татко бил хоспитализиран во психијатриска установа во 2019 година, а повторно и минатата година, но дека семејството повеќепати добивало одговор дека нема услови за негов нов прием или дека состојбата не е доволно сериозна.
„Ние сме три жени кои живееме со човек кој постојано се заканува дека ќе нè убие. Имаше обиди и за самоубиство и за убиство кон нас. Денеска викнавме полиција и цел ден сме по институции. Сите нè одбиваат и никој не сака да го прими во психијатриска установа“, рече таа.
Цветковска посочи дека во домот живее и нејзиниот брат со церебрална парализа, кој, според неа, со години е изложен на истите трауми. Таа нагласи дека семејството нема финансиски можности да се отсели, а нивниот дом е единствениот приспособен за инвалидската количка на нејзиниот брат.
(Видео) „Секој ден живееме во страв дека ќе нѐ убие“ – девојка јавно побара помош од институциите за алкохолизираниот татко кој им се заканува
Физиотерапевтката Меланија Цветковска од Куманово јавно побара помош од институциите, тврдејќи дека со години живее во страв поради семејно насилство од нејзиниот татко, кој, како што наведува, е постојано под дејство на алкохол и има дијагностицирани ментални растројства.Во видео-обраќање на социјалните мрежи, таа вели дека не бара сожалување, туку итна реакција од надлежните институции.„Денеска се обраќам како жртва на семејно насилство и како некој што бара ужасно многу помош од институциите.
Македонија | пред 3 дена