Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Меланија се заблагодари за поддршката: „Мојата цел не беше да се оцрни мојот татко, ниту која било конкретна институција, но немав друг избор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryam0ainlgqbd17Y6v06q

Физиотерапевтката Меланија Цветковска од Куманово, која вчера јавно побара помош поради, како што наведе, долгогодишно семејно насилство, повторно се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на граѓаните и институциите за поддршката и реакцијата.

Таа соопшти дека случајот е во фаза на разрешување и бара јавноста да не врши дополнителен притисок врз институциите.

„Фала на сите за поддршката. Фала на сите институции што нѐ слушнаа и ни помогнаа. Да имавме друг избор во дадениот момент, ништо од ова немаше да се случи“, напиша Меланија.

— реклама —

Таа нагласи дека нејзината намера никогаш не била да го оцрни својот татко или да обвини конкретна институција, туку да обезбеди помош за семејството и соодветен третман за него.

— реклама —

„Мојата цел не беше да се оцрни мојот татко, ниту која било конкретна институција, туку само да бидеме слушнати, да му се помогне да добие соодветно лекување и да престанеме да живееме во страв“, порача таа.

Меланија вчера преку видео-обраќање јавно побара помош од институциите, тврдејќи дека со години таа, нејзината мајка, баба и брат со церебрална парализа живеат во страв поради однесувањето на нејзиниот татко, за кого наведе дека има психијатриски проблеми и зависност од алкохол. Нејзиниот апел предизвика големо внимание во јавноста и реакции од институциите и бројни јавни личности.

— реклама —
media-librarytimh42rmmrut0rxUXjQ
media-librarytbu1mvco06jb4PZVHbM

(Видео) „Секој ден живееме во страв дека ќе нѐ убие“ – девојка јавно побара помош од институциите за алкохолизираниот татко кој им се заканува

Физиотерапевтката Меланија Цветковска од Куманово јавно побара помош од институциите, тврдејќи дека со години живее во страв поради семејно насилство од нејзиниот татко, кој, како што наведува, е постојано под дејство на алкохол и има дијагностицирани ментални растројства.Во видео-обраќање на социјалните мрежи, таа вели дека не бара сожалување, туку итна реакција од надлежните институции.„Денеска се обраќам како жртва на семејно насилство и како некој што бара ужасно многу помош од институциите.

Македонија | пред 3 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykopjcjcgebgucjqCzrD

Кривична за таткото на Меланија од Куманово за семејно насилство, по последниот инцидент заврши во Психијатриската болница во Демир Хисар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryid25na21rf9s0yqWdb2

Разврска: Судот одобри таткото на Меланија да биде однесен на психијатрија во Демир Хисар, а МВР најави дека ќе го расчистува случајот

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykopjcjcgebgucjqCzrD

Полицијата уверува дека работи на случајот со таткото на Меланија, кој ако не биде хоспитализиран или процесуиран - ќе се врати дома

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytbu1mvco06jb4PZVHbM

(Видео) „Секој ден живееме во страв дека ќе нѐ убие“ – девојка јавно побара помош од институциите за алкохолизираниот татко кој им се заканува

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања