Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Срушил куќа која била заштитено културно наследство, и без дозвола си изградил нов објект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryk1ukvadfjl94cyir2gl
Илустрација / Скопје1

СВР Куманово поднесе кривични пријави против Ф.Ф. (52) и Л.Т. (52), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторување повеќе кривични дела поврзани со уништување на културно наследство, бесправно градење, узурпација на недвижности и несовесно работење во службата.

— реклама —

Според Министерството за внатрешни работи, првопријавениот во 2023 година срушил и уништил куќа која претставувала заштитен објект на културното наследство, на која била поставена спомен-плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак.

— реклама —

Објектот бил евидентиран како заштитено културно наследство согласно законските прописи и бил дел од програмата за одбележување значајни личности и настани во Општина Куманово.

По уривањето на куќата, пријавениот како инвеститор изградил објект од втора категорија без претходно одобрение за градење од надлежниот општински сектор за урбанизам, со што постапил спротивно на Законот за градење. Дополнително, објектот бил изграден на земјиште кое е во сопственост на државата.

— реклама —

Втората пријавена, која работела како овластен градежен инспектор, според полицијата несовесно ги извршувала своите службени должности. Таа донела решение врз основа на нецелосно и неточно утврдена фактичка состојба, иако била должна да ја утврди согласно законските одредби за инспекциски надзор и градење.

— реклама —

По документирањето на случајот, против двете лица се поднесени соодветни кривични пријави до надлежното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Две лица со автомобил се обиделе да прегазат полицајци во Чегране

Македонија | пред 7 минути

— реклама —
media-libraryd1gkjdhbrm0u7RnvdbW

Приведен 56-годишник во валандовско, полицијата му пронашла пушка и муниција без дозвола

Македонија | пред 15 минути

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 1 час

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања