Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Кубанскиот претседател: Не сме закана, но ќе се браниме ако бидеме нападнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryfm8gbc8583th3ZGlxiB
wikimedia commons

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел денеска изјави дека Куба има „апсолутно и легитимно право“ да се брани од евентуална воена агресија од САД.

„Заканите за воена агресија против Куба од страна на најголемата светска сила се добро познати. Самата закана веќе претставува меѓународен злостор“, напиша Дијаз-Канел на социјалната мрежа X.

Тој порача дека Куба не претставува закана за ниту една држава и нема агресивни планови кон САД или која било друга земја.

— реклама —

Изјавите на кубанскиот претседател доаѓаат откако американскиот портал Axios објави дека Куба наводно набавила повеќе од 300 воени дронови и разгледувала можни сценарија за нивна употреба против американски цели.

Според извештајот, меѓу потенцијалните цели биле американската база Гвантанамо, воени бродови и делови од Флорида.

— реклама —

Куба ги отфрли овие тврдења, обвинувајќи го порталот за ширење дезинформации.

— реклама —

Министерот за надворешни работи Бруно Родригез оцени дека американската администрација создава „лажен случај“ за да оправда економски и евентуален воен притисок врз Куба.

Во меѓувреме, Куба се соочува со сериозна енергетска криза, рестрикции на струја и недостиг од храна и гориво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrn6bu33g13kv34UeU1b

Куба повторно остана без струја, колабираше националната електроенергетска мрежа

Свет | пред 2 седмици

media-library4k82urp3khp83iNJzbf

Куба повторно остана без струја, трет колапс на електроенергетскиот систем за помалку од две недели

Свет | пред 2 седмици

media-library4k82urp3khp83iNJzbf

Куба сè уште во мрак, милиони луѓе чекаат струја

Свет | пред 3 седмици

media-library4k82urp3khp83iNJzbf

По децении државна контрола, Куба подготвува нови економски реформи

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања