Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Кубење, шамарање па буткање на земја: Насилничките од Ѓорче Петров сликале и „селфи“ со раскрвареното девојче-жртва

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library217rrgas8qsobSnrHbC

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Вознемирувачки се снимките кои група деца-насилници ги правеле додека малтретирале девојче, кое е ученик во основно училиште во Ѓорче Петров. Ова го направиле во два наврати, а и во двата наврати снимале. Првите снимки, кои редакцијата на „Скопје1“ ги поседува, но нема да ги објави поради можноста за двојна виктимизација на жртвата, но и затоа што жртвата е малолетничка, покажуваат брутално изживување.

Сѐ се случува на една клупа, каде девојчето седи, а група девојчиња се собира околу неа. Ја кубат за коса, ѝ се дерат, додека група деца, машки, се исмејуваат од страна.

— реклама —

„Уште еден проблем да ни направиш на сите нас“, вели девојче-насилник, кое истовремено го кубе девојчето-жртва за коса, а од страна и велат „Абе не ја куби мавни ја!“ и се смејат.

По ова следува вознемирувачки чекор, друго девојче ѝ се нафрла, ја фаќа за коса и глава и ја турка од клупата на земја, а смеата на останатата група продолжува. Девојчето станува и пак седнува на клупата.

На друга снимка се гледа дека додека девојчето-жртва е на земја, една од насилничките ја клоца по нога, додека друга ја удира по лице. Настанот го гледаат најмалку десетина деца, а се снима од најмалку две деца. Второто видео од малтретирањето е објавено на социјалните мрежи.

— реклама —

Највознемирувачка е третата снимка каде друга насилничка, му удира силен бокс на девојчето додека другите гледаат. Но овде малтретирањето не завршува.

„Скопје1“ дојде до фотографија каде две од насилничките прават „селфи“ со девојчето жртва, додека таа крвари од устата и носот. Оваа фотографија е објавена и на социјалните мрежи.

— реклама —

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на чија територија учат и насилниците и жртвата, посочи дека за настанот знаат уште кога се случил, на 30 март.

„Случајот е веднаш пријавен во полиција, а родителите на жртвата имаат пријавено и во училиштето, а тие пак постапиле согласно напатствијата од МОН. Вклучен е и инспектор за малолетничка деликвенција, информиран е јавен обвинител. Случајот е преземен од страна на службите. Од страна на наставничкиот совет изречени се најстроги казни за децата насилници кои биле вклучени во овој акт. Изречени се санкции и на тие кои биле набљудувачи, односно снимале, подбуцнувале“, вели Стојкоски.

Тој посочува дека ги видел и снимките од социјалните мрежи.

„Навистина го осудувам како човек и родител настанот кој се случи на нашата територија. Активности преземаме постојано“, додава тој.

За ова се огласија и од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Децата жртви во судските евиденции зголемени за 118 отсто, прекршоците за 54 отсто – што открива извештајот за 2025 година

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryvnug5cfs0cg1aZt7kjt

„Петмина тепаат едно дете и снимаат“: Вознемирувачко сведоштво од Тетово

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryrms9boiacf7s6ISXPUl

(Видео) „Кој ќе влезе во кругот, добива ќотек“ – мајката на претепаното дете од Влае откри што се зборува за плоштадот „Делфина“

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymrpk8987q3h55QdOcks

(Видео) „Како не ти е срам?“ – мајката на претепаното дете од Влае раскажа како реагирала мајка на едно од децата по пријавата во полиција

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања