Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кузеска: 700 милиони евра нов долг за три месеци, дилетантот Мицкоски ја турка државата во финансиска бездна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryjsjmc9jg5uttaJk1Xex

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Економскиот диелтант, Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ОКГ ја задолжува државата со невидено темпо и ја турка во финансиска бездна, вели Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

„Само за првите три месеци од оваа година, направен е нов долг од 700 милиони евра.

Врз грбот на народот, врз грбот на идните млади генерации.

— реклама —

За две години откако Мицкоски е на власт, јавниот долг е зголемен за огромни 2,3 милијарди евра и сега изнесува 10 милијарди и 774 милиони евра, историски највисоко.

Да биде јасно: ова е чист, нов долг. Сè што е вратено е веќе одземено од пресметките – станува збор за нето задолжување, директно создадено од оваа неспособна и расипничка власт.

2,3 милијарди евра нови долгови а во исто време: нема пари за повисоки плати за работниците, Владата одбива да ја покачи минимална плата од 600 евра, нема мерки за поскапувањата, граѓаните се оставени сами да се справуваат со сиромаштијата во криза.

— реклама —

Задолжувања само за криминални тендери и богатење на ВМРО-ОКГ.

Задолжувања за нивните организирани шеми за извлекување пари. За авиони, часовници, бизнис мрежи.

Ова е криминална власт која не работи за граѓаните, туку за сопствениот бизнис интерес и богатење на грбот на народот.

— реклама —

Граѓаните денес плаќаат со својот стандард, а утре ќе плаќаат и нивните деца. Овој долг ќе го враќаат идните генерации.

Дополнително, буџетскиот дефицит за само три месеци изнесува 408 милиони евра – уште еден доказ за целосниот распад на јавните финансии.

Приходите се реализирани со едвај 20%, што значи дека Владата не создава вредност, туку само троши и задолжува.

— реклама —

Ова е директен демант на лажните тврдења на Мицкоски дека Македонија е „трета економија во Европа“. Реалноста е спротивна – економијата тоне, а граѓаните осиромашуваат.

Економските политики на оваа Влада се промашени, а економскиот дилетантизам на Христијан Мицкоски ја чини државата милијарди евра.

СДСМ предупредува: ова е опасен и неодржлив пат кој води кон финансиска бездна и неизвесност“, вели Кузеска.

media-libraryd0aohqng2abf5RcZESk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpug2duc46o734odgoa

(Видео) „Молкот на Обвинителството за Алта банка отвора сомнеж дека се штити Мицкоски“, вели Кузеска

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library1aae93bhplcabXe5KsL

(Видео) „Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка“, вели Кузеска

Македонија | пред 4 дена

media-librarylesdi7ujs1sjcnVs9Lp

(Видео) „Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!“ вели Кузеска

Македонија | пред 6 дена

media-libraryg7v5c6aa4f7raaRYKhT

(Видео) „Записникот открива: Владата на Мицкоски нудела државни акции за Давор Мацура и неговата Алта банка!“, вели Кузеска

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања