Промени тема
Контакт

Кузеска: Криминалната власт веднаш да се откаже од намерата за купување на нов авион, државата не е приватна компанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library7rekn54d11m30GW4Lg9

Се уште нема одговори колку чинеше луксузирањето на Мицкоски со владиниот авион и кој бил со него. Но, луксузирањето на Христијан Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го откри неговото вистинското лице и лицето на неговата расипничка власт, вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ

„До толку се опиени од моќта, од аздисаноста, државата ја сметаат за нивна приватна сопственост, шанса за бизнис и уживање, а граѓаните за поданици кои се тука да им го плаќаат луксузот.

Додека народот брои денари до крајот на месецот, работниците се на улиците за поголеми плати, премиерот лета на одмор со владин авион.

Владата вели нема пари за плати, одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра.

Им кратат 40 милиони евра на земјоделците за субвенции, 5 милиони евра од поддршката во спортот.

Дури и на лицата со ретки болести им скатија 3 милиони евра!

А истовремено планираат да купат нов владин авион вреден околу сто милиони евра.

— реклама —

Како со тендерите, 161, 51, 72, вредни милиони евра, како да се колачи.

Со сума од околу 100 милиони евра се обезбедува половина од потребните пари за зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците.

Може да се изградат најмалку 20 нови современи училишта низ државата, 25 градинки, 10 студентски домови со што илјадници студенти би добиле достоинствени услови за живот и студирање.

— реклама —

Со парите за еден луксузен авион може да се изградат 3 нови модерни болници или целосно да се реконструираат повеќе постоечки здравствени центри.

Може да се изградат 20 згради за социјални станови, десетици километри водоводи и канализации во рурални и урбани средини каде граѓаните со години чекаат основни услови за живот.

Но наместо пари за плати, за пензии, за училишта, болници, Владата сака луксузот на Мицкоски да го платат граѓаните.

Тоа е приоритетот на оваа тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ.

— реклама —

Ова е безобразие без граници.

Бараме криминалната власт веднаш да се откаже од намерата за купување на нов авион.

Државата не е приватна компанија, а народните пари не се играчка за опиена, аздисана и криминална власт“, вели Кузеска

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryftpfb5pumi2h7maz6r7

(Видео) Кузеска: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library3d447olc05bm8GthigD

(Видео) Кузеска: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независноста

Македонија | пред 5 дена

media-libraryp8qt6jur7sm1bvCaA34

(Видео) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито - ова е Организирана криминална група

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydit3th8jfpigbhhPajl

(Видео) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања