Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarykei67cc08jfhbreOlv5

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денеска го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј – основачите на првото словенско писмо. Делото на Кирил и Методиј не е само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура, вели Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Ние, и сите идни генерации, имаме обврска да го почитуваме и негуваме наследството кое Светите Кирил и Методиј ни го оставија. И горди сме што покажавме дека се грижиме за нашето културно наследство, за нашиот македонски јазик и за иднината на државата.

— реклама —

Во периодот на владите на СДСМ беа донесени храбри и државнички одлуки, благодарение на кои денес македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите Нации и во Европската Унија.

Со договорот со Фронтекс, македонскиот јазик е официјално признаен од Европската Унија, потпишан чисто на македонски јазик, без фусноти, без додавки, од сите земји членки на Унијата.

— реклама —

Тие што не обвинуваа дека сме предавници денеска признаваат дека свесно го лажеле народот, дека со Преспанскиот договор се заштитени македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската култура. Признаваат и дека членството во НАТО е добро за државата и за безбедноста на граѓаните.

Тоа се факти кои никој повеќе не може да ги негира.

— реклама —

За жал загубивме години кои не смееме повеќе да ги губиме.

Патриотизам не е создавање поделби меѓу граѓаните, изолацијата не носи добро на ниту еден народ.

— реклама —

Вистински патриотизам е да ја обезбедиш иднината на државата, да го заштитиш идентитетот и да обезбедиш рамноправно место за Македонија меѓу европските народи.

Интеграцијата во ЕУ, во големото европско семејство на рамноправни народи е најголемиот чин на патриотизам и најсилната гаранција за иднината на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската држава“, вели Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpug2duc46o734odgoa

(Видео) „Молкот на Обвинителството за Алта банка отвора сомнеж дека се штити Мицкоски“, вели Кузеска

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library1aae93bhplcabXe5KsL

(Видео) „Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка“, вели Кузеска

Македонија | пред 4 дена

media-librarylesdi7ujs1sjcnVs9Lp

(Видео) „Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!“ вели Кузеска

Македонија | пред 6 дена

media-libraryg7v5c6aa4f7raaRYKhT

(Видео) „Записникот открива: Владата на Мицкоски нудела државни акции за Давор Мацура и неговата Алта банка!“, вели Кузеска

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања