Промени тема
Контакт

Кузеска: СДСМ бара итна истрага - зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери на НБМ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryfqj716mtrb1026ZtEjt

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Скандалот со блокираниот изборот на вицегувернери во Народната банка отвора сериозни прашања за работењето на Трајко Славески и за состојбите во оваа клучна институција. Зошто се кочи изборот на вицегувернери? Дали Трајко Славески намерно ја блокира постапката? Мандатот на двете вицегувернерки е истечен уште од лани, изборот е законски регулиран со прецизни рокови кои се истечени а се уште нема избор, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

„Прекршен е член 55 став 1 од Законот за Народна банка и рокот од 22 декември 2025 година е изминат.

Ова доцнење отвора и дополнителна дилема:

Дали одлуките на Советот на Народната банка во вакви услови се целосно легитимни и функционални?

Кога клучни позиции не се пополнети, се доведува во прашање фукционирањето на Народната банка.

Трајко Славески има директна одговорност за оваа состојба.

— реклама —

Ова не е првпат Славески да носи политики на штета на граѓаните.

Да потсетиме:

— реклама —

Славески беше против зголемување на минималната плата, директно спротивставувајќи се на интересите на работниците

Како претседавач на Советот на Град Скопје во изминатите четири години, беше дел од хаосот во главниот град – нефункционалност, застој на проекти и целосен институционален распад.

Истиот тој човек денес управува со Народната банка.

— реклама —

Дали ова доцнење е резултат на неспособност или на свесно партиско калкулирање?

Народна банка е место за професионалци а не за партиски кадри на Славевски.

СДСМ бара, итна истрага за причините.  Финансиската стабилност не смее да биде жртва на политички игри и на неспособноста на Славески“, вели Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarydit3th8jfpigbhhPajl

(Видео) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Македонија | пред 7 часа

media-library4mo1k8t35spn4SVkG1Z

(Видео) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

Македонија | пред 1 месец

media-libraryu4tuu3qf96qbeLYQBpV

Кузеска: Извештајот на ЕК нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупција

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv9eirqa38ptq2uQ4eZ7

(Видео) Кузеска: „По Груевски, ослободен и Латас – уште една потврда за контролираното судство“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања