Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кузеска: Што праиме сега Мицкоски, кој од власта ќе одговара за нарко скандалот со 5 тони дрога?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryafm30s1lgn5ldINByzn

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Над 30 дена, повеќе од еден месец, нема одговори за најголемиот нарко скандал во регионот со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија, вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ

 „Како 5 тони дрога поминале граница? И кој од врвот на власта ќе одговара?

 Од сите информации кои досега се достапни јасно е дека станува збор за високо организирана криминална група која не можела да функционира без поддршка од лица на највисоки позииции во власта.

 Медиумската магла којашто власта се обиде да се пласира со лажна кампања после оваа акција, за пренасочување на вниманието на претходни влади се расчити.

 Кампања со обиди да се вмеша СДСМ и опозицијата за да се амнестира актуелната власт не успеа.

— реклама —

 Сега е време за одговорност во врвот на актуелната власт.

 Кои се трите клучните аспекти за одговорност за овој нарко скандал?

 1. Околината на Свети Николе се јавува како клучна точка каде што се правел претовар на дрогата.

 Од фабриката на кругот на ОХИС “Алфафарм“ дрогата била натоварена и транспортирана до Свети Николе. Внимавајте, без полициска придржуба како што налагата законите.

 Кој ова го дозволил е првото клучно прашање? Зошто не е правена конрола во фабриката?

 Оваа фирма, која работи во просториите на ОХИС, е основана во мај 2024, во време на ВМРО. Дрогата била свежа, одгледана во време на актуелната власт. А пакувањето во кругот на Охрис започнало во средината на декември 2025 година.

— реклама —

 Од втора фабрика, Грин лајф имало исто така пратка со дрога.

 Сите овие пратки ја поминале слободно половина Македонија.

 На 65 илјади камери, на патроли, контроли никој ништо не проверил. Случајно?

 Значи одговорни во македонската полиција и бебзедносните служби мора да бидат први кои ќе бидат опфатени со барањето одговорност.

 Одиме понатаму.

— реклама —

 2.Дрогата била препекувана како перници и на тој начин се пренесувала преку македонската граница.

 На толку скенери, контроли, никој ништо не презел. Случајно?

 Значи одоворни во македонската царина исто така мора да бидат опфатени со барањето  поврзаност.

 3. Конечо, целата пратка од 5 тони завршила во магацин на локални функционери на СНС во Србија, сестринска партија на ВМРО.

 Бил близок со српскиот министер за одбрана Гашиќ и изјавил дека станува збор „за државна работа“.

 Ова е третиот аспект на поврзаност со блиска политичка структура во двете земји.

— реклама —

 Што правиме сега Мицкоски?

 Пак дефокус со Харис Џиновиќ, Дубаи ил имате нови идеи?

 СДСМ нема да дозволи овој случај да се заташка.

 Не може да има уапсени се магационери, превозници и сопственици на фирми, а главните организатори на овој шверц да се кријат.

 Кој од власта ќе одговара“, вели Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpug2duc46o734odgoa

(Видео) „Молкот на Обвинителството за Алта банка отвора сомнеж дека се штити Мицкоски“, вели Кузеска

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library1aae93bhplcabXe5KsL

(Видео) „Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка“, вели Кузеска

Македонија | пред 6 дена

media-librarylesdi7ujs1sjcnVs9Lp

(Видео) „Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!“ вели Кузеска

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg7v5c6aa4f7raaRYKhT

(Видео) „Записникот открива: Владата на Мицкоски нудела државни акции за Давор Мацура и неговата Алта банка!“, вели Кузеска

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања