Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Кузеска: ВМРО-ОКГ и Мицкоски во паника ги ангажираа „Black Cube“ - Орбановата фабрика за валкани афери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarycqbhb1ja1hvr6ueXD8d

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференцијата изјави дека во јавноста се води, како што наведе, организирана кампања против претседателот на партијата Венко Филипче, во која се вклучени одредени медиуми и меѓународни структури.

— реклама —

Таа посочи дека последните објави на одредени телевизии се дел од поширока, како што рече, „операција за дискредитација“, зад која стои приватна израелска компанија „Black Cube“, која во јавноста често се поврзува со разузнавачки и истражувачки активности.

— реклама —

Според Кузеска, станува збор за модел на политичко делување кој, како што тврди, бил користен и во други земји, вклучително и во Унгарија и Словенија, преку тајни операции и медиумски кампањи насочени кон политички противници.

Таа на прес-конференцијата оцени дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го прикрие сопствениот неуспех преку, како што наведе, дефокусирање на јавноста и создавање афери против опозицијата.

— реклама —

СДСМ побара од надлежните институции да ја истражат евентуалната вклученост на странски компании во политичкиот живот во државата, како и сите околности поврзани со овие наводи.

— реклама —

Од партијата порачаа дека, како што велат, „јавноста треба да ја знае вистината“, а политичките битки треба да се водат со аргументи, а не преку, како што наведуваат, тајни операции и медиумски конструкции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpug2duc46o734odgoa

(Видео) „Молкот на Обвинителството за Алта банка отвора сомнеж дека се штити Мицкоски“, вели Кузеска

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-library1aae93bhplcabXe5KsL

(Видео) „Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка“, вели Кузеска

Македонија | пред 23 часа

media-librarylesdi7ujs1sjcnVs9Lp

(Видео) „Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!“ вели Кузеска

Македонија | пред 2 дена

media-libraryg7v5c6aa4f7raaRYKhT

(Видео) „Записникот открива: Владата на Мицкоски нудела државни акции за Давор Мацура и неговата Алта банка!“, вели Кузеска

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања