Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Лајка“ ги заловува кучињата во Карпош кои наводно биле донесени од Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx
ФБ

Јавното претпријатие „Лајка“ информира дека викендов биле добиени повеќе пријави од граѓани за појава на поголема глутница кучиња без ушни маркици на територијата на Општина Карпош. Од утринските часови, екипите на претпријатието се на терен на посочената локација, каде што се спроведува безбедно и хумано заловување на животните, во согласност со законските процедури и стандардите за благосостојба.

— реклама —

Од „Лајка“ посочуваат дека само во изминатите два месеци од истата локација биле заловени вкупно 19 кучиња. И покрај тоа, повторната и континуирана појава на нови животни на истото подрачје, според претпријатието, отвора сериозен сомнеж дека одредени лица или субјекти организирано вршат дислокација на бездомни кучиња во Скопје, наместо да применат законски и хумани решенија во општините од кои потекнуваат.

— реклама —

Ваквата практика, како што нагласуваат од ЈП „Лајка“, е недозволива, нехумана и потенцијално опасна. Кучињата се изложуваат на дополнителен стрес, глад и ризик од повреди, а истовремено се зголемува и заканата по јавната безбедност. Дополнително, ваквото постапување директно го нарушува системот за контрола на популацијата на бездомни животни и ги обезвреднува напорите за стерилизација, вакцинација и одговорно управување.

Од претпријатието упатуваат апел до надлежните институции за засилен надзор и соодветно санкционирање на ваквите појави, а до граѓаните – навремено да пријавуваат секој сомнителен транспорт или напуштање на кучиња. Само преку заедничка одговорност и доследно почитување на законот, потенцираат од „Лајка“, може да се обезбеди хуман, одржлив и системски пристап кон решавање на проблемот со бездомните кучиња.

— реклама —

Претходно, Анима Мунди посочија дека се сомневаат дека кучињата се донесени од Албанија.

— реклама —
media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Кучиња од Албанија со ушни маркици најдени на улица во Скопје, тврди Анима Мунди

Нашето здружение на терен пронајде кучиња со ушни маркици од Република Албанија, на улица во Скопје, факт кој отвора исклучително сериозно прашање за нелегален, па дури и прекуграничен транспорт и напуштање на животни, реагира денеска Анима Мунди. Истовремено алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага за сериозни индиции за организирано внесување и дислоцирање на кучиња во град Скопје, појава што веќе директно ја загрозува јавната безбедност, благосостојбата на животните и самото вл

Македонија | пред 9 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

„Дали треба да чекаме да се случи несреќа?“: Жителка на Карпош алармира за малолетници кои палат петарди

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-librarya39mmgetbsbb3sOFTgD

Жители на Карпош самоиницијативно сееа детелина на место каде имаше паднато дрво од невремето

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryg40gkrkagj6qbH3etti

Базенот во Карпош предаден на Националната пливачка федерација

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryl40ullnok8uedRGqflf

Карпош добива нов мега парк од 86.000 квадратни метри, поранешната депонија е исчистена

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања