Промени тема
Контакт

Лавров: Без решавање на причините нема мир во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
sergej-lavrov

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денес дека долгорочно и праведно решение на конфликтот во Украина не е можно без решавање на неговите основни причини.

Тој на прес-конференција по разговорите со казахстанскиот министер за надворешни работи Ермек Кошербаев нагласи дека клучно е да се отстранат изворите на кризата за да се постигне стабилен мир.

„Клучно е дека без решавање на основните причини за украинската криза, праведно и долгорочно решение е невозможно“, изјави Лавров, пренесуваат руските медиуми.

— реклама —

Тој додаде дека Русија останува заинтересирана за продолжување на преговорите со САД врз основа на претходно постигнатите договори меѓу двете земји.

— реклама —

Лавров се повика и на неодамнешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, при што, според него, бил потврден ваквиот пристап кон дијалогот.

Тој се осврна и на глобалните безбедносни прашања, наведувајќи дека воените активности на САД и Израел кон Иран негативно влијаат врз стабилноста во поширокиот регион, вклучително и областа на Каспиското Море.

— реклама —

Во завршниот дел од обраќањето, Лавров повика да не се занемари состојбата во Либан и застојот околу формирањето на палестинска држава, оценувајќи дека таму постои сериозна политичка блокада без јасен излез.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 16 часа

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 17 часа

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања