Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Лажна тревога во авион на летот од Италија кон Брисел: Пронајдена порака со зборот „бомба“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 56 минути -

Свет
media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk
unplash

Нова серија лажни дојави за поставени бомби предизвика безбедносни проверки на европските аеродроми, откако во авион на летот од италијанскиот град Пескара кон Брисел била пронајдена порака со натпис „бомба“.

— реклама —

Според италијанските медиуми, пораката била откриена во тоалетот на авионот кратко по полетувањето од Италија. Пилотот веднаш ја известил контролата на летање, а по слетувањето на аеродромот Шарлроа во Брисел бил активиран кризен протокол.

— реклама —

Патниците биле безбедно евакуирани, а авионот и багажот биле детално проверени со помош на полициски кучиња обучени за откривање експлозиви. По проверките било потврдено дека станува збор за лажна тревога, по што започнало повторното качување на патниците за повратниот лет кон Пескара.

— реклама —

Претходно во текот на денот, сомнителна дојава била примена и за авион што летал од Варшава кон Брисел. Леталото утринава слетало на бриселскиот аеродром, а по полициската истрага било проценето дека нема потреба од дополнителни безбедносни мерки.

— реклама —

Според информациите, околу 20 летови низ Европа биле мета на лажни дојави за поставени бомби. Аеродромските служби соопштиле дека благодарение на координацијата со надлежните институции, инцидентите биле решени без поголемо нарушување на работата на аеродромот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypu5r7n63r7eufymQEtz

Сиљановска во Европскиот парламент: Европската перспектива бара заемна политичка волја

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryl26uegu4mlod1EX7wLW

Брисел подготвува план за Украина, преговорите би можеле да траат до 2029 година

Свет | пред 1 седмица

media-librarys81oc2ug1jae9QrOYR6

Две престрелки во Брисел за неколку часа, загина едно лице, полицаец застрелан во глава

Свет | пред 3 седмици

evro

Брисел повторно предлага „Купувај европско“: Јавните пари да се трошат за европски производи

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања