Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: Двојни аршини на Владата - за граѓаните експресна казна, а за функционерите простување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryu55ni7l3q8tvfPbG4h0

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува скандалозната и лицемерна реакција на Владата, која наместо итно да го разреши и кривично да го процесира директорот Далибор Китановиќ за величење на осуден воен злосторник, мизерно му понуди можност „да си го повлече ставот“.

— реклама —

„За величење, одобрување и минимизирање на геноцид и воени злосторства преку информациски системи, членот 407-а од Кривичниот законик јасно предвидува затворска казна до пет години. Законската одредба е децидна и во Кривичниот законик едноставно не постои опција за „повлекување на ставот“ откако делото е веќе сторено.

— реклама —
— реклама —

Ова е уште една шлаканица за народот и за правната држава што не е ниту невиден, ниту првпат за оваа власт, туку таа во континуитет и мизерно продолжува да го практикува. Со сличајот Китановиќ добивме уште еден доказ за скандалозните двојни аршини. Преку системот Сејф Сити, секој обичен граѓанин се удира директно по џеб за најмал прекршок и тука нема простување, ниту можност за „повлекување“. Кога обичниот човек ќе задоцни со плаќање сметка кон некоја државна установа, Владата не покажува никакво разбирање, туку веднаш му праќа извршители за блокирање на сметките. За граѓаните важи стриктно и немилосрдно почитување на законите, додека за владините функционери се резервирани изговори, беззаконие и простување.

— реклама —

Срамота! Државната функција не смее и не може да биде штит од кривична одговорност. ЛДП бара итно разрешување на Китановиќ, а МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат по службена должност согласно членот 407-а од Кривичниот законик, бидејќи законите во оваа земја мора конечно да важат за сите поддеднакво“, велат од ЛДП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 1 ден

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 3 дена

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања