Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: Можна страшна економска хаварија - АЛТА е само првото домино од увозот на сомнителен српски и унгарски капитал!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarycqre8khoipbt4AXth40

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение предупредува на можни сериозни економски последици по случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека тој не е изолиран инцидент, туку показател за ризиците од влезот на сомнителен странски капитал во македонскиот финансиски систем.

— реклама —

Од партијата тврдат дека фирми поврзани со политичките центри на моќ во Унгарија и Србија биле пречекани со поддршка од актуелната власт, која, според ЛДП, ги занемарила ризиците и ги промовирала нивните деловни интереси.

— реклама —

Според партиското соопштение, последиците веќе се чувствуваат преку замрзнатите сметки, заглавените бизниси и неизвесноста кај граѓаните. Од ЛДП оценуваат дека политички поддржаните деловни зделки и клиентелизмот можат да предизвикаат сериозни последици за македонската економија.

— реклама —

Партијата бара итна и независна меѓународна експертска проверка, како и целосен отчет за тоа кој ги одобрил влезовите на странски капитал во банкарскиот сектор. Истовремено, бара гаранции за заштита на штедачите и компаниите.

— реклама —

Од ЛДП сметаат дека по завршувањето на кризата треба да следуваат оставка од гувернерот на Народната банка и расчистување на институциите од, како што ги нарекуваат, политички патрони. Порачаа дека граѓаните не смеат да ги сносат последиците од сомнителни економски зделки и регионални политички влијанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library95rpr34q4gtcfb0Cp82

ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryho0d8oj1v7mq5Ozn0ME

ЛДП: Со вакви политики утре нема да има кој да ги води институциите! Партиските книшки не можат да го заменат знаењето

Македонија | пред 6 дена

LDPlogo-620x360

ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymrpk8987q3h55QdOcks

Се бара инспекциски контроли во училиштата по ново сведоштво за врсничко насилство

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања