Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: Не е проблем законот за „Скопје 2028“, проблем е кога тој се претвора во алатка за „перење“ пари и местење тендери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library5ijcftctjt2cdl5kezo

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение оцени дека самиот закон за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ не е спорен, но предупредува дека предложените решенија можат да создадат простор за нетранспарентно трошење на јавните средства и злоупотреби при јавните набавки.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека вакви проекти успешно се реализираат низ Европа, но проблемот, според нив, настанува кога законските решенија се користат за ограничување на јавната контрола и концентрирање на одлучувањето.

— реклама —

ЛДП смета дека проектот треба да биде пример за транспарентност, а не механизам за, како што наведуваат, прикривање на тендери и партиски влијанија.

Во посебна објава, претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова истакнува дека со отстранување на транспарентноста и одговорноста не се гради европски проект, туку систем во кој јавните набавки полесно можат да бидат злоупотребени.

— реклама —

Таа наведува дека предлог-законот предвидува располагање со повеќе од 21 милион евра јавни средства, концентрирани овластувања и посебен режим за јавни набавки, без јавна дебата и без антикорупциска анализа.

— реклама —

Зајкова додава дека „Скопје заслужува титула Европска престолнина на културата, а не европска фасада за старите криминални навики“, повикувајќи проектот да се реализира во интерес на граѓаните и со целосна транспарентност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 3 дена

media-library33an4rud3lsh4WXzvne

ЛДП: Славевски и Владата тотално забегаа! Сѐ уште мислат дека со 10.000 денари неделно народот живее луксуз

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycqre8khoipbt4AXth40

ЛДП: Можна страшна економска хаварија - АЛТА е само првото домино од увозот на сомнителен српски и унгарски капитал!

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања