Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: Славевски и Владата тотално забегаа! Сѐ уште мислат дека со 10.000 денари неделно народот живее луксуз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 49 минути -

Македонија
media-library33an4rud3lsh4WXzvne
Фото: ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение упати критики до гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и Владата поради ограничувањето од 10.000 денари неделно за клиентите на АЛТА банка. Од партијата оценуваат дека оправдувањето оти оваа сума е доволна, бидејќи е усогласена со просечните плати и пензии, ги занемарува реалните трошоци и секојдневните потреби на граѓаните.

— реклама —

Од ЛДП посочуваат дека граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените средства, додека треба да ги подмират основните животни трошоци, како храна, сметки, електрична енергија и лекови.

— реклама —

„Какво трпение кога луѓето не можат да си ги подигнат сопствените пари за да ги намират основните животни потреби?“, прашуваат од партијата, реагирајќи на повиците за трпение додека трае решавањето на состојбата во банката.

— реклама —

ЛДП оценува дека случајот со АЛТА банка покажува отсуство на разбирање за проблемите со кои се соочуваат граѓаните и бара итно одмрзнување на нивните средства.

— реклама —

Партијата бара одговорност од гувернерот и Владата за настанатата состојба, како и утврдување на одговорност за финансиското случување околу банката. Од ЛДП порачуваат дека, според нив, проблемот не може да се надмине со изјави и оправдувања, туку со конкретни решенија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycqre8khoipbt4AXth40

ЛДП: Можна страшна економска хаварија - АЛТА е само првото домино од увозот на сомнителен српски и унгарски капитал!

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-library95rpr34q4gtcfb0Cp82

ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација

Македонија | пред 5 дена

media-libraryho0d8oj1v7mq5Ozn0ME

ЛДП: Со вакви политики утре нема да има кој да ги води институциите! Партиските книшки не можат да го заменат знаењето

Македонија | пред 1 седмица

LDPlogo-620x360

ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања