Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
LDPlogo-620x360

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение реагира на, како што наведуваат, контрадикторноста меѓу случајот со поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, и начинот на кој Владата ја претставува употребата на средствата од дивидендата.

— реклама —

Од ЛДП прашуваат како е можно во ист период поранешниот директор на Државна лотарија да се соочува со судска постапка и притвор поради трошење на 8,3 милиони евра од дивидендата, додека Владата одржува прес-конференција на која се пофалила со потрошени 5,5 милиони евра од истата дивиденда.

— реклама —

„Како е можно ова да се случува истовремено? Дали за оваа Влада ова е нормално и до кога мислат да ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните?“, прашуваат од ЛДП.

Од партијата иронично прашуваат дали Бајрами можеби се вратил во земјата за да им даде „рецепт“ како да ги потрошат и преостанатите три милиони евра. Притоа, од ЛДП прават паралела со, како што велат, сценарио во кое одговорните би се повлекле во странство, по одреден период би се вратиле во земјата, би организирале избори и би се надевале дека граѓаните ќе ги заборават случувањата.

— реклама —

„За нивна несреќа, не живееме во камено доба. Живееме во дигитално време каде што сѐ се зачувува, сѐ се следи и сѐ останува трајно забележано“, наведуваат од ЛДП.

— реклама —

Од партијата додаваат дека Европската Унија внимателно ги следи, како што ги нарекуваат, „институционалните гимнастики“ и оти случувањата ќе бидат забележани во претстојните извештаи за вла

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 1 ден

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 3 дена

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања