Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
LDPlogo-620x360

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение го поздрави потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор во поврзувањето на Македонија со европската транспортна мрежа.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека проектот е важен за регионалната поврзаност, економскиот развој и европската интеграција на државата.

— реклама —

Во соопштението потсетуваат дека Македонија претходно изгубила околу 60 милиони евра европски грант за истиот проект поради неисполнување на роковите и слабата реализација, оценувајќи дека такви пропусти не смеат повторно да се случат.

ЛДП наведува дека со години се залага инфраструктурните проекти што ја поврзуваат државата со Европа да се третираат како национален интерес и да не бидат предмет на дневнополитички пресметки.

— реклама —

Од партијата очекуваат по потпишувањето на договорите да следува навремена, ефикасна и транспарентна реализација на проектот, нагласувајќи дека на државата ѝ се потребни конкретни резултати, а не само свечени потпишувања.

— реклама —

Воедно, ЛДП порачува дека ќе продолжи да ги поддржува сите проекти кои придонесуваат за поблиска интеграција на Македонија со Европската Унија, подобра регионална поврзаност и економски развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 3 дена

media-library33an4rud3lsh4WXzvne

ЛДП: Славевски и Владата тотално забегаа! Сѐ уште мислат дека со 10.000 денари неделно народот живее луксуз

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycqre8khoipbt4AXth40

ЛДП: Можна страшна економска хаварија - АЛТА е само првото домино од увозот на сомнителен српски и унгарски капитал!

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања