Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library2n3cmkcgrktsfEt9R0h

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение изрази поддршка за онколошките пациенти, кои за утре најавија протест пред Министерството за здравство, оценувајќи дека е недозволиво лицата кои се борат со најтешки болести повторно да остануваат без неопходната терапија.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека уште минатата година предупредувале оти недостигот од онколошка терапија не е изолиран случај, туку сериозен системски проблем, за кој, како што велат, барале одговорност од Министерството за здравство.

„Наместо решение, денес повторно сме сведоци на истиот срам. За секој ден без терапија некој мора да одговара. Не може секојпат кога ќе се испразнат залихите виновник да нема, а последиците секогаш да ги трпат пациентите“, наведуваат од ЛДП.

— реклама —

Партијата бара итно обезбедување на целата неопходна онколошка терапија, целосна јавна информација за причините за недостигот, утврдување лична и политичка одговорност за институционалните пропусти, како и подготовка на план што ќе гарантира дека ваквата состојба нема повторно да се случи.

— реклама —

Според ЛДП, држава која не може да обезбеди лекови за најтешко болните нема право да зборува за успеси во здравството, бидејќи, како што нагласуваат, за онколошките пациенти секој изгубен ден може да значи загубен човечки живот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 3 дена

media-library33an4rud3lsh4WXzvne

ЛДП: Славевски и Владата тотално забегаа! Сѐ уште мислат дека со 10.000 денари неделно народот живее луксуз

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycqre8khoipbt4AXth40

ЛДП: Можна страшна економска хаварија - АЛТА е само првото домино од увозот на сомнителен српски и унгарски капитал!

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања