Промени тема
Контакт

ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
LDPlogo-620x360

По завршувањето на прославите по повод 35 години независност, Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение повторно го отвори прашањето за двојното државјанство на носителите на јавни функции и побара од Собранието да го разгледа законското решение со кое би се ограничило неговото поседување.

Од ЛДП велат дека додека државата ја одбележувала годишнината со концерти и други настани, предлог-законот за укинување на двојното државјанство за пратениците сè уште е заглавен во собраниска процедура.

— реклама —

„Додека со разни панаѓури и концерти си прославија 35 години од осамостојувањето на Македонија, Законот за укинување на двојното државјанство на пратениците сè уште седи заглавен некаде во собраниските лавиринти“, наведуваат од партијата.

ЛДП оценува дека, покрај декларативното изразување патриотизам, важна е и лојалноста на пратениците и останатите функционери кон државата. Од партијата особено ги прозваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се меѓу предлагачите на законските измени, да се изјаснат за нивното донесување.

— реклама —

Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова, како што наведуваат од партијата, со јавно објавен заверен нотарски акт побарала и останатите пратеници да покажат дека, како неа, поседуваат само македонско државјанство.

Од ЛДП тврдат дека досега, освен Зајкова, останатите пратеници не покажале подготвеност јавно да ја потврдат состојбата со нивното државјанство.

— реклама —

Партијата повторно бара измените да се донесат што поскоро и ограничувањето да важи не само за пратениците, туку и за министрите, директорите, јавните обвинители, судиите и другите носители на јавни функции.

„Нема потреба од половични решенија, „ќе важи за овој мандат, ќе важи за другиот мандат“, „ќе важи за едните, ама нема да важи за другите““, порачаа од ЛДП.

Од партијата предлагаат и сите актуелни функционери да ги достават на увид своите досиеја за државјанството, а оние кои поседуваат двојно државјанство да се откажат од второто или да поднесат оставка.

„Сè останато е купување време и замајување на јавноста, но и отвора сериозни сомнежи за тоа дали извршителите на државните функции вистински ги штитат интересите на Македонија, или пак на некоја друга држава“, се наведува во реакцијата на ЛДП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf2dlijtl8of4b4Hf1C2

ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ ја претвори државата во криминално „реалити шоу“ – затворска казна за прес конференции со лични здравствени документи

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library7g78fer4847g2f0AruA

ЛДП: „Туристичка агенција МВР“ – Премиерот го нема ни за лек, а бегалците слават на слобода

Македонија | пред 1 ден

media-libraryfu3b6n3a5mumecRB1dq

ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат

Македонија | пред 2 дена

media-library7hvi72ln3m4o3WSSIBH

ЛДП: Извештајот на ЕПИ ги потврди нашите предупредувања – правосудството е на колена поради политички притисоци!

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања