Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Левица: 394 милиони евра нови задолжувања во првите два месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Само за два месеца Владата нè задолжи на домашниот пазар со нови 394 милиони евра по основ на хартии од вредност. Државните записи кои достасуваат за една година изнесуваат 203,5 милиони евра, а државни обврзници кои ќе достасаат дури по 15 години, изнесуваат над 190 милиони евра.

Ови предизборни задолжувања ќе ги пополнат буџетски дупки и ќе послужат за предизборен поткуп. Обезбедувањето на сигурни гласови нема цена повеќе од три децении и затоа власта со нови долгови доделува помош на пензионери, млади, социјално ранливи категории, земјоделци, лица со попреченост или самохрани родители, како и на компании.

— реклама —
— реклама —

Јавниот долг во Македонија достигна 8,5 милијарди евра во 2023 година, меѓутоа задолжувањата не стивнуваат. Покрај овие задолжувања, власта во континуитет нè задолжува со разни заеми и кредити на меѓународниот финансисики пазар. СДС и ДУИ трошат народни пари за да ги купат гласовите на избирачите и да си обезбедат уште еден мандат.

— реклама —

Владата сметајќи на солидарноста на идните генерации, место да ги намали и рационализира трошоците, ќе го продолжи трендот на иселување, не само на младите, туку и на цели семејства. Место да се задолжуваат неродените деца, Левица во својата програма предвидува бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција, воведување на прогресивно оданочување и кратење на сите непродуктивни трошоци кои народот ги плаќа повеќе од три децении за луксузното и расипничкото живеење на власта", изјавија од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjousb0nsdqto6ZZKTk4

(Видео) Крмов: Сточарите го даваат млекото без цена, а Владата замижува пред неконтролираниот увоз

Македонија | пред 1 час

apasiev

„Груевски ослободен од „Талир 2“ благодарение на Кривичниот законик што заедно го скроија СДСМ и ДПМНЕ“, велат од Левица

Македонија | пред 4 часа

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: СДСМ ќе останат запаметени дека поради таен договор со Мицкоски не дозволија опозициско обединување за една изборна единица

Македонија | пред 5 часа

media-librarydbjp2mu90shbdhIMb1C

(Видео) Левица: „ДПМНЕ ги одби амандманите на Левица за заштита на жртвите на сексуално и семејно насилство“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања