Промени тема
Контакт

Левица бара од Давкова да не го потпишува новиот закон за легализација на дивоградби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
zgradi-treska

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, како пратеник јасно потенцираше дека етички и правно е невозможно да се повикуваме на владеење на правото, а истовремено да носиме закони со кои се уредува „правниот статус“ на бесправно изградени објекти. Таа тогаш со право укажа дека не може да се утврди легитимитет на нешто што е изградено спротивно на законот и дека ваквите решенија претставуваат директен удар врз урбанистичкото планирање и правната сигурност, велат од Левица.

— реклама —

„Вчера, Собранието повторно го продолжи рокот за легализација до 3 март 2031 година, наместо претходно утврдениот рок 3 март 2026 година. Со тоа, процесот што требаше да биде временски ограничена и исклучителна мерка, наместо 15 ќе трае 20 години. И ова веќе не е транзициска аномалија, туку системска политика на одложување на правдата и институционализирање на бесправноста.

— реклама —

Секое ново пролонгирање испраќа јасна порака дека прекршувањето на законот на крајот ќе биде наградено со легализација, додека граѓаните што инвестирале време и средства за да градат прописно остануваат изиграни. 
Со ова се девалвира правниот поредок, се поткопува довербата во институциите и се стимулира нов бран дивоградби, затоа што очекувањето дека „ќе има нов рок“ станува рационална калкулација. 
Наместо да се воспостави ред и да се зајакнат инспекциските и урбанистичките механизми, државата повторно избира амнестија како модел на управување.

— реклама —

Од аспект на владеење на правото, ова е преседан со сериозни последици. Законот што требаше да биде исклучок станува правило, а времената мерка се претвора во трајна практика. Правната сигурност подразбира предвидливост и доследност, а не постојано поместување на рокови под политички притисок. Урбанистичкото планирање не е административна формалност, туку инструмент за заштита на јавниот интерес, животната средина, безбедноста, инфраструктурата и квалитетот на живот. Со легализирање на бесправното, без јасна стратегија и краен рок што навистина ќе биде конечен, се релативизира самата идеја за законитост.

— реклама —

Левица останува на ставот дека дивоградбите не смеат да бидат предмет на бесконечни амнестии, туку на системско решавање кое ќе направи јасна разлика меѓу социјалниот, неизбежниот случај и профитерската злоупотреба. Затоа ја повикуваме претседателката да остане доследна на сопствените јавно искажани принципи и да не го потпише овој закон“, додаваат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 23 часа

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања