Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Левица го обвинува ОЈО Струга и Вишото јавно обвинителство за заштита на дивоградба во центарот на градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library8j992f6b0rn98ccXzLZ

Иако во центарот на Струга една година непречено се гради дивоградба (која узурпира државно земјиште), деновиве се потврди дека сите инстанци на обвинителството се продолжена рака на криминалот и урбанистичото дивеење. По поднесена преставка до Вишото јавно обвинителство во Битола поради непостапување по кривична пријава за бесправно градење, вишиот јавен обвинител Пецо Везироски констатира дека “струшкиот обвинител стручно и ажурно постапил”, и покрај тоа што јавниот обвинител во Струга една година дозволува во Струга да никне дивоградба во заштитена зона, велат од политичката партија Левица.

— реклама —

„Потсетуваме дека пратеничката Јована Мојсоска, уште во декември минатата година, поднесе кривична пријава до ОЈО Струга заради бесправно градење. Иако рокот за одговор од страна на јавниот обвинител е три месеци, повеќе од една година јавниот обвинител од Струга нема доставено одговор до подносителот на кривичната пријава. Во моментот на поднесување на кривичната пријава, објектот беше во фаза на подрум. Денес, објектот е целосно изграден (подрум, приземје, два ката и поткровје), благодарение на непостапувањето на ОЈО Струга.

 Оваа одлука на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски е скандалозна и со ваквиот „штитенички“ однос, Везироски само го охрабрува незаконитото постапување на ОЈО Струга. Поради ваквото непрофесионално однесување на обвинителите кои се продолжена рака на безаконието, Левица ќе поднесе претставка до Советот на јавни обвинители за работата на јавниот обвинител од ОЈО Струга и Вишиот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола.

— реклама —

 Корупцијата во обвинителската фела очигледно се пресликува и на повисоките нивоа, затоа што токму оние кои треба да го санкционираат ваквото непостапување на струшкиот јавен обвинител (во случајов Вишо јавно обвинителство Битола) - истото констатира дека нема никаков пропуст што во центар на градот се гради бесправно, за што е изречено и решение од овластен градежен инспектор“, додаваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library36s7viunm7s2cCasCny

Струга инвестира 90 милиони денари во модерен водоводен систем

Македонија | пред 20 часа

struga

Мојсоска: МВР и ОЈО Струга да се разбуди од зимски сон и да не чека уште еден екоцид за да открие кој незаконски и без концесии работи во Струга

Коментари | пред 1 седмица

media-librarytn8dqmtstehhaUyiQyx

Стружани да го исчистат просторот околу своите имоти, во спротивно Комунално ќе фактурира трошоци

Македонија | пред 1 седмица

struga

Мојсоска: Кој „не ги виде“ машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања