Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Левица не се откажува од една изборна единица, а единствениот виновник за пробивањето на рокот даден од ЕУ е ДПМНЕ“, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
apasiev

Политичката партија Левица преку соопштение соопшти дека не се откажува од барањето за воведување една изборна единица и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е одговорна за недонесувањето на новиот Изборен законик во рокот предвиден во рамки на реформската агенда поврзана со Европската Унија.

— реклама —

Од партијата тврдат дека власта не била пасивен набљудувач на процесот, туку негов организатор и носител на парламентарното мнозинство. Според Левица, наместо да придонесе за постигнување консензус, ДПМНЕ во завршната фаза вовело услови кои, како што велат, не биле дел од работата на Работната група и со тоа го попречило усвојувањето на Изборниот законик.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека ДПМНЕ не било заинтересирано за изборни реформи што би довеле до поголема демократизација на изборниот систем, туку за задржување на постојниот модел. Левица тврди дека една изборна единица и порамноправни изборни услови би значеле поголема политичка конкуренција.

— реклама —

Партијата дополнително оценува дека реформската агенда не останала неисполнета поради Левица, туку поради, како што наведуваат, одлуките на ДПМНЕ да ги стави партиските интереси пред јавниот интерес.

— реклама —

Левица најавува дека и во наредниот период ќе ги користи сите политички, институционални и демократски механизми за повторно да го отвори прашањето за воведување една изборна единица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 1 ден

media-librarycog8ujokoemjbmNfqHv

Левица го тужи МОН: Студентскиот оброк три години не е усогласен со инфлацијата

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци - додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања