Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица: Скопје беше кренато од урнатините - денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library8jp04hukrm04dGMqOuV

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, делегација на Левица, составена од потпретседателот и пратеник Реџеп Исмаил, пратеникот Амар Мециновиќ и советничката во Советот на Град Скопје Дарја Мустафаоглу, положи свежо цвеќе на споменикот посветен на жртвите од трагедијата.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека Скопје по земјотресот било обновено како град создаден според потребите на граѓаните, додека денес, според нив, урбанистичкиот развој е подреден на приватни интереси и профит.

Во соопштението се наведува дека урбанистичките планови сè почесто стануваат предмет на политички и бизнис-договори, а јавниот интерес се потиснува во корист на, како што велат, дивоградбите и корупцијата.

— реклама —

Од Левица сметаат дека поуката од земјотресот во 1963 година била градот да се развива одговорно и плански, но тврдат дека денес таквиот пристап е заменет со краткорочни интереси и неконтролирана урбанизација.

— реклама —

Партијата упати критики и до актуелните функционери, оценувајќи дека одбележувањето на 26 Јули не треба да се сведува само на церемонии и положување цвеќе, туку да биде проследено со политики што ќе обезбедат безбедно градење, заштита на јавниот интерес и стручни урбанистички решенија.

Во реакцијата се посочува и дека неодамнешното невреме во Скопје, според нив, ја покажало ранливоста на градот и последиците од долгогодишната негрижа.

— реклама —

„Наша обврска е да не дозволиме градот на солидарноста да стане град на беззаконието“, порачуваат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 1 ден

media-librarycog8ujokoemjbmNfqHv

Левица го тужи МОН: Студентскиот оброк три години не е усогласен со инфлацијата

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци - додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања