Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица со предлог-закон за ставање крај на кризата со коцкање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryeetk6svr46eqdSkxSKg

Политичката партија Левица ќе поднесе предлог-закон со кој се предвидуваат строги ограничувања за коцкањето и рекламирањето на игрите на среќа, најави пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција.

— реклама —

Според најавените законски измени, казината и автомат клубовите би можеле да работат само во граничен појас до пет километри од границата или во категоризирани хотели со пет ѕвезди.

Мециновиќ изјави дека институциите треба да покажат дека заштитата на човечкото достоинство, семејната стабилност и иднината на младите се поважни од профитот на коцкарската индустрија.

— реклама —

„Прашањето е дали ќе дозволиме цели населби да бидат преплавени со индустрија која заработува од надежта, стравот и економската несигурност на граѓаните во време кога опаѓаат условите на живот“, изјави Мециновиќ.

— реклама —

Тој оцени дека коцкањето долго време не било сериозно отворено како тема во Собранието и додаде дека коцкарската индустрија профитира од сиромаштијата и економската несигурност на граѓаните.

Според Мециновиќ, со предложените измени се отвора можност државата да покаже дека знае да ги заштити своите граѓани.

— реклама —

Од Левица најавуваат и ограничување на рекламирањето на коцкањето, со цел да се спречи, како што велат, „агресивната нормализација“ на игрите на среќа во јавниот простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryause4bmm8edh2rntJxt

„ЕСМ е бунар без дно за богатење на нивните соработници“ – Левица бара интерпелација за Божиновска

Македонија | пред 2 седмици

media-library18upq891un01d3EMkie

(Видео) Мециновиќ: Сите стратешки објекти да ги чува АРМ - Левица ќе предложи закон за критична инфраструктура

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryscpj1ufrtri04wSSo3H

(Видео) Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправност

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања