Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Левица: Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarytmc5j6u9laal2rNCEcu

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза која е на повидок. Наместо државнички пристап, сведоци сме на импровизација, стихија и дефокусирање на јавноста. Надлежните задоцнија цели две недели со мерките за заштита. Нашите пресметки покажуваат дека ова доцнење го чинеше народот повеќе од четири милион евра, средства кои завршија во буџетот за да се „крпат“ дупки од лошо менаџирање, велат од Левица.

„Дополнително власта поставува погрешни приоритети. Се однесуваат понизно кон Окта како да станува збор за надреден субјект, а не за компанија која треба да биде регулирана во интерес на граѓаните. Наместо државничка реакција која ќе го штити јавниот интерес сведочиме срамен и понизен однос на власта кај менаџментот на Окта, што јасно покажува дека единствено нешто за што се грижи оваа влада се профитите на бизнис структурите.

— реклама —

Додека во јавност се пласираат неосновани пофалби како ние сме тие кои сега даваат помош и несоодветни споредби со алудирање на ковид кризата, во пракса се дозволува неконтролирана продажба на горива на странци без никаква заштита за домашното население.

— реклама —

Најавата за намалување на давачките за мазут, со образложение дека тоа ќе ја заштити цената на струјата за домаќинствата, покажува дека премиерот не разбира како функционира ЕЛЕМ. Оваа компанија не е регулирана од РКЕ туку владата директно му налага со која цена ќе учествува на тендерот за набавка на универзалниот снабдувач.

Тврдењата дека електроенергетскиот систем е стабилен се само фасада. Во суштина, сè е стихијно и се сведува на чиста импровизација од денес за утре.

— реклама —

Наместо празна реторика, бараме итно замрзнување на цената на дизелот на 92 денари, минимална маржа од 0,5 денари по литар за дистрибутерите, ослободување од ДДВ и акциза во зависност од берзанската цена, активирање на стоковите резерви и, ако е потребно, директна државна набавка на дизел.

— реклама —

Долгорочно потребни се стратешки инвестиции и тоа државен батериски систем за складирање на енергија и изградба на Чебрен со сопствени средства.

Доста е со крпење дупки преку грбот на граѓаните. Потребна е одговорност и знаење, а не сервилност пред корпоративните интереси“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-librarycog8ujokoemjbmNfqHv

Левица го тужи МОН: Студентскиот оброк три години не е усогласен со инфлацијата

Македонија | пред 18 часа

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци - додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 2 дена

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

„Пет години Клиничката болница во Битола не прави спермограми - пациентите се принудени да плаќаат по 150 евра за анализа“, велат од Левица

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања