Промени тема
Контакт

Либан бара поддршка од Европската Унија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
EU-1

Либанскиот претседател Жозеф Аун ги засили дипломатските активности во Европа, барајќи поддршка за стабилизација на земјата и зацврстување на кревкото примирје.

Аун одржал повеќе средби на Кипар, на маргините на неформалниот состанок меѓу Европската Унија и лидерите од Блискиот Исток и Северна Африка, организиран од кипарскиот премиер Никос Христодулидис.

— реклама —

Во разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон, Аун ги претставил напорите за ублажување на кризата во Либан и намалување на страдањата на цивилите, повикувајќи на прекин на израелските напади врз медицински лица, работници на Црвениот крст, цивилната заштита, новинари и врз цивили.

Тој го претставил и ставот на Либан за периодот по примирјето и ѝ се заблагодарил на Франција за континуираната помош, изразувајќи надеж за дополнителна поддршка од Париз и од Европската Унија, јавува либанската Национална новинска агенција.

Макрон ја потврдил поддршката за Либан, истакнувајќи дека Франција ќе продолжи со дипломатските контакти со цел зајакнување на примирјето и поддршка на преговорите.

— реклама —

Аун се сретнал и со италијанската премиерка Џорџа Мелони, на која ѝ пренел информации за разговорите во Вашингтон и ја нагласил потребата од преговарачко решение, порачувајќи дека „опцијата војна не води кон никакво решение“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqf2ukouufkoq3tNGr7G

Либан доби нова воена опрема од Грција

Свет | пред 3 дена

media-libraryvq8bv6u1lot5afQviGl

Ескалација на југот на Либан: Загинаа двајца израелски војници

Свет | пред 3 седмици

11-izrael

Либан и Израел започнуваат нова рунда мировни преговори во Рим

Свет | пред 4 седмици

napad-liban

Либан и Израел започнаа нов круг преговори во Вашингтон

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања