Промени тема
Контакт

Лице од БиХ е уапсено откако на социјалните мрежи се заканувало дека ќе убива христијани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
TikTok-75646

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси лице кое преку интернет се заканувало дека ќе убива христијани, потврдија денеска од Федерална управа на полицијата.

Според соопштението, припадници на Одделот за борба против тероризам постапиле по наредба на Обвинителството на Босна и Херцеговина, откако осомничениот за време на пренос во живо на социјалната мрежа TikTok јавно упатувал закани за насилство, изјавувајќи дека ќе убива христијани.

— реклама —

По идентификацијата на сторителот, извршен е претрес во неговиот дом на подрачјето на Зеничко-добојски кантон, при што биле пронајдени и одземени предмети кои ќе бидат предмет на понатамошна криминалистичка обработка. Над осомничениот е спроведена службена постапка, а полициските службеници, во соработка со обвинителството, продолжуваат со активностите за целосно расчистување на случајот.

— реклама —

Според важечките закони, ваквите закани може да се квалификуваат како кривично дело загрозување на безбедноста и поттикнување насилство и омраза врз верска основа, за што се предвидени парични или затворски казни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhas25pg938mi84AC6uh

Во Хрватска условно осуден државјанин на БиХ поради величење на Ратко Младиќ на социјалните мрежи

Балкан | пред 19 часа

media-libraryjgngniqbodj76Y8PcUA

Голем пожар во Босна и Херцеговина: Хеликоптер исфрли 22.000 литри вода

Балкан | пред 3 дена

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Маж загина додека гасел пожар во Босна и Херцеговина

Балкан | пред 1 седмица

Dodik-1

Уставниот суд на Босна и Херцеговина го одби барањето на Додик за укинување на законот по кој беше осуден

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања