Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Љубљана прогласена за најдобра креативна туристичка дестинација за 2026 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-librarybg0ocdun6ghfc7sK55z
фото: unsplash

Словенечката престолнина Љубљана е добитник на престижната награда на Creative Tourism Awards, каде што е избрана за „најдобра креативна градска дестинација“ за 2026 година.

Градот е пофален за интегрирањето на креативноста во својот идентитет, туристичка стратегија и долгорочен урбан развој, како и за богатата понуда на креативни настани и соработка со локални уметници, пренесува Euronews.

Наградите, организирани од непрофитната мрежа Creative Tourism Network, оваа година ги оценија 223 кандидати од 28 земји, а победата ѝ припадна на Љубљана.

— реклама —

Градовите, како што наведува Time Out, се незамисливи без креативност – низ Европа сѐ почесто напуштени објекти се претвораат во културни центри, јавни простори стануваат сцени за уметнички инсталации, а парковите оживуваат со летни фестивали.

— реклама —

Љубљана нуди повеќе културни квартови, меѓу кои се издвојуваат Сотеска, каде што се одржува Open Resilience Festival, како и Шишка, позната по малите галерии, музеи и уметнички ателјеа.

Меѓу најпосетуваните атракции е и Музејот на современа уметност Метелкова, сместен во поранешни воени касарни, со колекција што опфаќа дела од 1960-тите до денес. За пошироката публика интерес предизвикува и Куќата на илузии, која нуди интерактивни содржини со холограми и оптички илузии.

— реклама —

Градот нуди и богата фестивалска програма, меѓу кои се издвојува LUV фестивалот, со опера, танц, работилници и бројни изложби и концерти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

slovenija-policija

Во Словенија уапсен државјанин на БиХ осомничен за убиство на партнерката, малолетниот син ја пронашол мртва

Балкан | пред 14 часа

slovenija-policija

Ја убил сопругата со нож, па побегнал: голема полициска потера во Словенија

Балкан | пред 1 ден

plaza-lezaljke-grcka

Главната плажа во Порторож затворена по излевање дизел-гориво во морето

Балкан | пред 5 дена

media-libraryejo5li9mf0bo7Eldxcf

Силно невреме со град ја погоди Словенија, возачи застануваа под надвозници и во тунели

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања