Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Љутков реагира: Раководството на СКРМ шири дезинформации и избегнува дијалог

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryc8chnov432j6fbJTM3e

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Синдикатот на културата на Република Македонија остро реагираше на постапките на министерот за култура Зоран Љутков, обвинувајќи го дека работи против интересите на вработените и Колективниот договор за култура.

— реклама —

Од Синдикатот оценуваат дека министерот води двојна политика – јавно го брани договорот, а во институциите, како што тврдат, работи на негово дискредитирање.

Во врска со ова, министерот Љутков на социјалните мрежи објави реакција, која ви ја пренесуваме во целост:

— реклама —

Раководството на СКРМ веќе подолг период свесно и тенденциозно пласира неточни информации во јавноста, со јасна намера да создаде погрешна слика дека јас, како министер за култура, делувам против интересите на културните работници. Ваквиот пристап е неодговорен и претставува обид за манипулација на јавноста и инструментализирање на културниот сектор за политички цели.

Јас, како министер за култура, во ниту еден момент не сум ги довел во прашање правата на културните работници. Напротив, континуирано и активно се залагам за реален, а не декларативен социјален дијалог. Тоа е потврдено преку бројни иницијативи за состаноци и отворена комуникација, кои од страна на СКРМ често се игнорираат или одбиваат.

Фактот што колективниот договор е истечен веќе четири години е сериозен институционален проблем. Овој застој не е резултат на недостиг на волја од моја страна, туку на однесувањето на раководството на СКРМ, кое наместо конструктивен дијалог, избра конфронтација и создавање на кризи.

Дополнително, нивното јавно пласирање информации поврзани со судски процеси пред тие да бидат донесени претставува сериозен обид за притисок врз независноста на судството и создава неприфатлив преседан.

Поднесените иницијативи пред Уставниот суд се дел од демократскиот и институционален процес. Уставниот суд е единствено надлежен да ја оценува уставноста на правните акти, а не синдикални раководства кои се обидуваат да преземат таква улога.

Доколку дојде до поништување на Колективниот договор, тоа ќе биде директна и неизбежна последица на долготрајниот застој, систематското одбивање за дијалог и институционален притисок од страна на раководството на СКРМ. Јас лично се надевам дека до таков исход нема да дојде, но фактите јасно покажуваат дека Колективниот договор повеќепати е оспоруван пред Уставниот суд како директен резултат на нивниот пристап, кој наместо решение, произведува блокади и нови проблеми.

Синдикалните организации мора да се вратат на својата основна функција заштита на правата на работниците и да се воздржат од политичко делување, притисоци врз институции и мешање во процеси кои не се во нивна надлежност.

Обидите моето институционално делување да се претстави како „предавство“ се неосновани, навредливи и политички мотивирани. Вистински проблем претставува токму користењето на културните работници како инструмент за лични и политички пресметки.

Културните работници не смеат да бидат заложници на раководство кое наместо да работи во нивен интерес, систематски шири дезинформации, создава поделби и ја попречува можноста за конструктивни решенија.

Прашањето за финансиските импликации не е негирање на права, туку прашање на одговорно и одржливо управување со јавните финансии. Секој колективен договор мора да биде реален, спроведлив и во согласност со буџетските можности.

Зголемениот буџет за култура е конкретен доказ за мојата посветеност како министер кон подобрување на условите во културниот сектор, преку мерки и политики, а не преку празни декларации.

Потребно е враќање на професионалниот дијалог и прекин на политичките манипулации. Културата заслужува стабилност, институционална зрелост и партнерство, а не притисоци и лажни наративи.

Со почит,

Министер за култура,

Зоран Љутков

— реклама —
— реклама —
media-libraryletriei6lnfn3ERk1rU

Љутков ја „погребува“ културата, наместо заштита тој застана против културните работници, реагира Синдикатот

Синдикатот на културата на Република Македонија остро реагираше на постапките на министерот за култура Зоран Љутков, обвинувајќи го дека работи против интересите на вработените и Колективниот договор за култура.Од Синдикатот оценуваат дека министерот води двојна политика – јавно го брани договорот, а во институциите, како што тврдат, работи на негово дискредитирање.„На владината седница се доставени податоци, анализи и листи на предмети со една цел – да се прикаже Колективниот договор како незак

Македонија | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqbcqcnim3aqb3HDGtjn

Љутков и Перински од Струмица: Нов проект ќе ги поврзе Банско, Дојран и Килкис во туристичка рута

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryb9t5h2gdev038zZXJfG

„Македонскиот јазик е поважен од личните пресметки“: Љутков со остар одговор до Груевска-Маџоска

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryb9t5h2gdev038zZXJfG

Љутков: „Македонија има потенцијал да стане препознатлив туристички бренд во регионот“

Македонија | пред 3 седмици

media-library61cdc28m5si53L8cvsX

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања