Промени тема
Контакт

Маја Оџаклиевска се приклучува на македонскиот дрим тим со Хозе Карерас на 1 септември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryp2nbdih4nsi5eRhGMQl

Македонската музичка легенда Маја Оџаклиевска ќе биде дел од големиот музички спектакл со светскиот оперски великан Хозе Карерас, кој ќе се одржи на 1 септември на Плоштад Македонија во Скопје.

Од „Авалон продукција“ соопштија дека Оџаклиевска се приклучува на македонскиот „дрим тим“, кој го сочинуваат и Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски, како и Ана и Игор Дурловски.

Големиот концерт е најавен како еден од најзначајните музички настани во земјава, со кој ќе бидат обединети повеќе генерации македонски музичари и публика.

— реклама —

Настанот ќе започне во 20 часот, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен и отворен.

Концертот е дел од програмата за одбележување на 35 години независност на Македонија, а организаторите најавуваат вечер исполнета со македонски музички хитови и настап на еден од најпознатите светски тенори.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhjc76ho5i5nmbPuVKVx

(Видео) Од „Gipsy Song“ до „Едно име имаме“: Карерас со Македонската филхармонија и македонски ѕвезди го освоија плоштадот „Македонија“

Сцена | пред 2 дена

media-libraryhjc76ho5i5nmbPuVKVx

(Видео) Легендарниот Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со Македонската филхармонија и македонски ѕвезди

Македонија | пред 2 дена

media-librarygtm7h2hhbscueuXnZvG

(Видео) Карерас, Калиопи, Каролина, Маја и Влатко заедно пред полн плоштад: Спектакл за 35 години независност

Македонија | пред 2 дена

media-libraryi7pf2qgooh798YrLYNz

(Фото) По грешката во Охрид, коригирано македонското знаме на прославата за независноста на Македонија која се одржа во Битола

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања